♥♥♥ *** МАСКЕНБАЛ 2013 *** ♥♥♥

Share Button



На 23.02.2012 со почеток во 16 часот во просториите на мпцо Св. Наум Охридски на Siemensstrasse 26, 1210 Wien се организира МАСКЕНБАЛ за големи и мали.

(татковци , мајки, чичковци, тетки, вујковци, вујни, дедовци и баби ајде сите да се маскираме заедно со нашите МИЛИ дечиња.)

Програма: Детски песнички на кој сите заедно ќе играме, многу заеднички игри за дечињата, натпреварување за награди, и на крај сите заедно ќе ја избереме најубавата МАСКА на маскенбалот.

За дечињата ќе има крофни и многу други слатки работи како и богата домашна трпеза за возрасните.

Влезот е БЕСПЛАТЕН !

Душко Ѓероски го фати крстот во Виена

Share Button

† БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ се одбележа и во Виена!
Чествувањата на Богојавление – Водици чин со кој православните верници го одбележуваат големиот христијански празник во нашата црква започнаа утрово во 10:30 часот со свечена литургија на која просуствуваа стотина верници, по студено снежно време со оветување на водите во дворот на мпцо Свети Наум Охридски се флраше и светиот крст по кој скокнаа педесетина верници.
Најсреќен меќу нив беше Душко Ѓероски, кој се надева дека по овој чин новата 2013 година ќе му биде среќна и бериќетна. Со фрлањето на крстот чиноначалствуваше свештеникот Дејан Димитријевски


Среќникот Душко и синот Петар Ѓероски


На денешен ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Годишно Собрание 2013 – НЕДЕЛА 03.02.2013 12:00 часот

Share Button


НЕДЕЛА 03.02.2013 12:00ч

Сакаме да ве информираме дека во Недела, на 03.02.2013 ќе се одржи годишно собрание на МПЦО Св.Наум Охридски-Виена! Црковниот управен одбор ве повикува – сите македонски фамилии, сите заинтересирани и симпатизери на МПЦ да дојдете и активно да земете учество!

Нашите обврски како Македонци овде во дијаспората најдобро ги знаеме, а тоа се достоинствено представување на нашето духовно, културно, опшествено и историско наследство на нашата татковина Р. Македонија!
– Секој од нас треба и може да придонесе нешто во исполнувањето на тие обврски на заедницата!
– Секој од нас треба и може да помогне нашата заедница во Виена да цути!

Секогаш со заеднички напори и сили сме работеле и треба да работиме и сега и во иднина. И покрај ограничените можности и средства – заедно сме постигнале многу досега:
2009:

– по заедничка одлука: купување на имот за потребите на македонците во Виена на Siemensstr. 26, A-1210 Wien
– дадено многубројно ветување за заедничко финансирање од страна на македонските фамилии

– благослов и осветување на црквата, салата и целиот имот од страна на Неговото Високопреосвештенство –
Митрополит Евроспски Г. Пимен

2010: реновација (покрај друго и поставување на топлинска изолација) на црквата и салата 2011: по заеднчка одлука: поставување на камен темелник на додатните простории (кујна, санитарен чвор, заедничка просторија, канцеларија, библиотека, стан за свештеник)

2012: благослов и осветување на додатните простории од страна на Неговото Високопреосвештенство – Митрополит
Евроспски Г. Пимен

Заедно уште многу можеме да постигнеме – но следново мора да го постигнеме бидејќи заедно сме дале збор!:
– Исплата на кредитот земен за купување на имотот

– Донесување редовен/стален свештеник

– Изградба на македонски православен храм

За постигнување на нашите цели треба да истраеме во заедничките напори – треба редовност и во донирање и во помагање и во присуство! За доброто на сите нас и на нашите деца!

Кој може да стане член во црковниот управен одбор?

Секој кој сака да биде дел од УО може да се кандидира или да биде кандидиран од друг член.
Кој може да стане носител на функција (раководител) во управниот одбор?

Во раководство на УО (носители на функции) може да бидат/станат само членови кои земале активно учество во работата на УО во изминатите години и имаат уплатено финансиски средства најмалку ЕУР 500,-.
Кој има право да гласа за дадените предлози на собранието?

Секоја фамилија која е на списокот на донатори може да земе активно учество во гласањето за поднесените предлози.
Кој има право на активно учество во собранието?

Секој македонец и секој симпатизер на македонската православна црква и на македонската културна заедница има право да присуствува, да дава предлози и активно да се вклучи во дискусиите.

Посебно ве замолуваме барем по еден член од фамилијата да присуствува на ова годишно собрание, на кое што ќе бидат донесени битни одлуки!

БОГОСЛУЖБИ ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМРИ 2012 И МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2013

Share Button


Почитувани верници,

Ве известуваме дека претстојните два месеци Декември 2012 и Јануари 2013 год. редовно ке се одржуваат Свети Богослужби.
Сите верници кои имаат потреба од свештеникот Дејан Димитријевски може да го добијат на тел. 06802260404

ДЕКЕМВРИ
2012

03.12.2012 – понеделник, Претпр. на Воведение – Вечерна богослужба 19.00 часот
04.12.2012 – вторник, Воведение на Пресвета Богородица
– Пречиста – Света Божествена Литургија 10.30 часот
07.12.2012 – петок, Св.Екатерина и Меркуриј – Воскресна (неделна) Вечерна
08.12.2012 – сабота, Св.Климент Охридски Чудотворец
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
09.12.2012 – недела, Света Божествена Литургија 10.30 часот
16.12.2012 – недела, Света Божествена Литургија 10.30 часот
17.12.2012 – понеделник, Св.вмч-чка Варвара, Св.Јован Дамаскин – Света Божествена Литургија 10.30 часот
18.12.2012 – вторник, Преподобен Нектариј Битолски; Св.Сава Осветен
– празнична Вечерна 19.00 часот
19.12.2012 – среда, Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
23.12.2012 – недела – Света Божествена Литургија 10.30 часот
30.12.2012 – недела – Света Божествена Литургија 10.30 часот


ЈАНУАРИ 2013

04.01.2013 – петок, Св.мач-чка Анастасија – празнична вечерна 19.00 часот
05.01.2013 – сабота, Преподобен Наум Охридски
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
06.01.2012 – недела 31` по Педесетница, (Бадник)
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
06.01.2012 – недела, Вечерна Богослужба 19.00
07.01.2012 – понеделник, Рождество Христово – БОЖИК,
Света Божествена Литургија 10.30 часот
08.01.2013 – вторник, Собор на Пресвета Богородица
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
09.01.2013 – среда, Св.архиѓакон и првомаченик Стефан
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
13.01.2013 – недела 32 по Педесетница, Оддание на Божик
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
13.01.2013 – недела, празнична Вечерна – 19.00 часот
14.01.2013 – понеделник Обрезание Господово; св.Василиј Велики;
Православна Нова Година – Света Божествена Литургија 10.30 часот
18.01.2013 – петок, Водокрст; св.мч-ци Теопемпт и Теона (строг пост)
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
19.01.2013 – сабота, Богојавление – ВОДИЦИ
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
20.01.2013 – недела 33 по Педесетница, Собор на св.Јован Крстител
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
27.01.2013 – недела 34 по Педесетница, Оддание на Богојавление
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
31.01.2013 – четврток, Св.Атанасиј Велики; св.Кирил Александриски
– Света Божествена Литургија 10.30 часот

Бог да Ве благослови – отец Дејан Димитријевски


*** КОНЦЕРТ НА КУД МАКЕДОНКА *** САБОТА, 15.12.2012 почеток 20 Часот

Share Button

Македонско фолклорно друштво

“M A K E D O N K A“


Siemensstr. 26, 1210 Wien
Email: kud.makedonka@gmx.at
ZVR-Zahl 521132253



ПРОГРАМА ЗА ВЕЧЕРНИОТ КОНЦЕРТ КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА ДЕН
САБОТА, 15. ДЕКЕМВРИ 2012 год. со почеток во 20:00 ч.
Адреса: Siemensstr. 26, 1210 Wien


Почитувани љубители на македонскиот фолклор,
Со голема чест и задоволство сакаме да ве информираме дека македонското фолклорно друштво „Македонка“ од Виена ќе одржи вечерен концерт со македонски фолклорни танци , изворни народни песни во изведба на традиционални македонски инструменти.
И тоа не е се, овој пат ја имаме таа чест да ви ги представиме новите носии (од егејска Македонија) и новата кореографија „Игри од Егејска Македонија“. За првпат во историјата на КУД „Македонка“ оваа вечер ќе ви бидат представени неколку изворни ора и песни од деца солисти кои ги изучуваат народните инструменти гајда и дудук.



П Р О Г Р А М А



20:15 Отварање на концертот со македонската химна (најстарата верзија) во изведба на членови на КУД „Македонка“

20:20 Говор на претседателката на КУД „Македонка“ Др.Бети Хохштегер и поздрав до присутните гости и хрватското друштво „АНО93“

20:30 Настап мала група (од 6 до 11 год.) -Бувчанско оро и Гајдарско оро

20:45 Најава голема група, влез и настап со „Калајџиското“

21:00 Настап на хрватското друштво АНО93 со женската група, изведба на хрватски изворни песни и танци.

21:20 Настап мала група со: „Маца вода лила“на дудук во живо исполнуваат Андреј и Адријан Јакимовски и „Пајдушко оро“ исполнува Мики Гајтовиќ на гајда.

21:45 Настап голема група: ПРЕМИЕРНА ПРОМОЦИЈА НА НОВИТЕ НОСИИ И НОВАТА КОРЕОГРАФИЈА „Егејски Игри“

22:00 Одјава на концертот и завршен говор на претседателката и воедно известување на присутните гости за новоформираните секции

22:30 Сите сте срдечно поканети да заедно го изиграме „Елено моме“ во изведба на гајда од страна на Александар Арабаџиев.

После официјалниот дел на програмата продолжуваме со забавата со македонска музика во живо.
Покрај ората и песните, ќе имате и прилика да вкусите голем број македонски специјалитети кои ќе бидат приготвени од членовите на КУД „Македонка“.



АПЕЛИРАМЕ до сите љубители на македонскиот фолклор да ни дадете подршка таа вечер и салата да биде исполнета до последно место и на тој начин да им се заблагодариме на сите тие млади амбасадори на македонското културно наследство кој го негуваат и одржуваат овде во Виена.

† Божиќни и Новогодишни Празници †

Share Button

.

Возљубени во Господа драги браќа и сестри,
МПЦО „Св.Наум Охридски“ од Виена ве информира дека по повод престојните црковни празници од почетокот на Декември до 31-ви Јануари, ќе дојде свештено лице од Р. Македонијa.

Во тој период црквата на Siemensstrasse 26, 1210 Wien, ќe биде за секој празник отворена преку целиот ден и ќe се одржуваат редовни литургии.

Сите православни верници а најмногу македонските најсрдечно ги каниме заеднички да ги прославиме престојните Божиќни и Новогодишни Празници.

Секој еден кој има потреба и е заинтересиран за црковни услуги како на пр. (светена вода, осветување на стан или деловни простории,крштевка итн…)
ве молиме да се обратите до Управниот Одбор за навреме да се организираат истите.

ИНФО тел.+43/(0)680 22 60 404
e_mail: MPCO@NaumOhridski.at