Црковниот Хор „Пресвета Богородица“ од Скопје во мпцо „Св.Наум Охридски“

Share Button

Сабота 2.6.2012 со почеток во 13.00 Часот Црковниот Хор „Пресвета Богородица“ ќе пејат во Peterskirche Petersplatz, 1010 Wien.

Недела 3.6.2012 Литургија од 10:30 Часот Отецот Трајче со Црковниот Хор „Пресвета Богородица“ ќе гостуваат во нашата црковна општина „Свети Наум Охридски“ потоа во дворот пикник-седенка со скара и акустична музика македоснки песни.

†„Св.Кирил и Методиј“ во Виена

Share Button

Почитувани,

МПЦО „Св.Наум Охридски“ од Виена ве информира дека петок 25.05.2012г. ќе дојде свештено лице од Р. Македонијa,
† Сабота, 26.05.2012г. ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ( почеток од 18:00 ч.)
† Недела, 27.05.2012г. (Литургија со почеток од 10:00 ч.)


Сабота 26.5.2012 по повод празникот „Св.Кирил и Методиј“ со почеток од 20:00 часот во просториите на мпцо„Св.Наум Охридски“ на Siemensstrasse 26, 1210 Wien ќе се организира прослава со музика во живо, исто така и КУД „Македонка“ од виена ќе имаат свој настап кои ќе се представат со традиционални македонски ора и песни,срдечно ги покануваме сите љубители на македонскто оро и песна заедно да запееме и заиграме.


А пак за љубителите на добрата кујна се погриживме да има скара во врвен скараџија.

Влез 10 ЕУР, за деца и младинци до 18 год. влезот е бесплатен


Видео снимка од изградба на новиот објект во мпцо Свети Наум Охридски Виена

Share Button

Изградба на новиот објект
Свети Наум Охридски Виена

Со задоволство ве известуваме дека објектот или куќата која е наменета како дом на свештеното лице, кујна со помошна просторија за црковните потреби, канцеларија за потребите на црковниот одбор, магацин и тоалети,
со изградбата е при крај, се довршуваат финалните работи.

Одборот на Македонската православна црковна општина Свети Наум Охридски Виена им се заблагодарува на сите оние кој на било каков начин придонесоа за изградбата на новиот објект.

Новото Раководство на Управниот Одбор „Свети Наум Охридски“ Виена 2012 год.

Share Button

УПРАВНИОТ ОДБОР ЗА 2012 ГОДИНА
МПЦО „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВИЕНА

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Др. Ѓорги Филипов

.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Лазовски Димче

ПОДПРЕТСЕДАТЕЛ

Дoмазетовски Љупчо

БЛАГАЈНИК

Врглевски Илко

ЗАМЕНИК БЛАГАЈНИК

Аврамовски Боге

СЕКРЕТАР

Николовски Златко

ЗАМЕНИК СЕКРЕТАР

Петрески Роберт

ЗАПИСНИЧАР

Богоевски Душко

ЗАПИСНИЧАР

Клекачкоски Дејан

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Митревски Живко

КОНТРОЛЕН ОДБОР

Дивјакоски Стево

КОНТРОЛЕН ОДБОР

Дишевски Спасе

КОНТРОЛЕН ОДБОР

Најдовски Горан

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Ванчо Белески

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Лазовски Ѓорѓи

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Глигор Наунчев

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Зоран Кузмановски

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Јанков Цветан

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Киселовски Борче

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Борче Јанев

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ

Танев Ѓорѓи

ЦРКОВЕН ДОМАКИН

Наунчев Mиле

† В Е Л И Г Д Е Н С К А – П О К А Н А †

Share Button


В Е Л И Г Д Е Н С К А – П О К А Н А

Почитувани Верници, возлубени во господа браќа и сестри на Македонската православна црковна општина ,,Свети Наум Охридски,,Виена.

Во пресрет ни доаѓа најголемиот Христијански празник Велигден , Воскресението Христово.
Празник на сите празници, победа на животот над смртта, соединувањето на човекот со бога.
Празник во кој треба да се облечиме во ново руво (облека) , туку и во духовно за бога најважно а на кое ние обрнуваме помалку внимание. Празник во кој можеме да ја исчистиме нашата душа и да добиеме посилен и почист дух во нашето тело.Празник на кој можеме нашите страдања и маки да му ги кажеме на бога нашиот отец и како негови деца да се покаеме и помолиме за опростување , зошто безгрешен е само тој.
По тој повод ве покануваме со чисто и отворено срце да ја збогатите Велигденската прослава со вашето ценето присуство. Вашето присуство е од голема вредност и значење за сите, впрочем да се подсетиме што ни заповеда Господ Исус Христос ,,Ова е моја Заповед. Да се љубите еден со друг како што ве возљубив јас.. , Ев Јована 15.12.. Затоа повелете дојдете да си подадеме рака еден на друг и да си простиме како што и бог ни ги простува нашите непромислени гревови. Само така ќе се облечеме во новото Велигиденско руво. Руво кое се чувствува длабоко во срцата и го дава сјајот преку нашите очи и нашата насмевка.
Да се погреши е човечки но да се опрости е нешто Господово, нешто свето што нас не прави поголеми, повредни и поблиски на Бога.
Затоа уште еднаш Ве повикуваме со пријателски подадена рака дојдете заедно да го славиме Воскресението Христово. Да ја ислушаме достојно Светата Воскресна Литургија и во еден глас да го повикаме славното ,, Христос Воскресе,,

ОД У.О. Св.Наум Охридски,, Виена

Пристигна Прота Борче Лазов во Виена

Share Button


.
.
…::: † В Е Л И Г Д Е Н † :::…

МПЦО „Св.Наум Охридски“ од Виена ве информира дека по повод престојните црковни празници пристигна свештено лице од Р. Македонијa Протата Борче Лазов кој ке престојува до 22.4.2012 година (Томина Недела).
.

Редослет на Богослужбите за време на Велигденските Празници:

† Сабота, 07.04.2012 Св. Благовештување и Лазева Сабота
(Литургија со почеток од 10:30 ч.)

† Недела, 08.04.2012 Цветници Св. Литургија
(почеток од 10:30 ч.)

† Четврток, 12.04.2012 Велики Четврток, читање на 12 страдални евангелија.
(Литургија со почеток од 19:00 ч.)

† Петок, 13.04.2012 Велики Петок, Погребение и кружење околу црква со Плажтаницата
(Литургија со почеток од 19:00 ч.)

† Сабота, 14.04.2012 Велика Сабота, Обиколка околу црквата и Св.Литургија за Велигден – Христово Воскресение полноќна Велигденска Богослужба со Св. ПРИЧЕСТ.
(почеток од 23:00 ч.)

† Недела, 15.04.2012 Богослужба Второ Воскресение со Св. ПРИЧЕСТ.
(почеток од 10:30 ч.)

После Богослужбата се продолжува со музичка програма.

† Понеделник, 16.04.2012 Св. Литургија втор ден Велигден.
(почеток од 10:30 ч.)

† Недела, 22.04.2012 Томина Недела
(Литургија со почеток од 10:30 ч.)

Секој еден кој има потреба и е заинтересиран за црковни услуги како на пр. (светена вода, осветување на стан или деловни простории, крштевка итн…)
Прота Борче можете да го контактирте на
мобилен: 0680/2260404