БОГОСЛУЖБИ ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМРИ 2012 И МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2013

Share Button


Почитувани верници,

Ве известуваме дека претстојните два месеци Декември 2012 и Јануари 2013 год. редовно ке се одржуваат Свети Богослужби.
Сите верници кои имаат потреба од свештеникот Дејан Димитријевски може да го добијат на тел. 06802260404

ДЕКЕМВРИ
2012

03.12.2012 – понеделник, Претпр. на Воведение – Вечерна богослужба 19.00 часот
04.12.2012 – вторник, Воведение на Пресвета Богородица
– Пречиста – Света Божествена Литургија 10.30 часот
07.12.2012 – петок, Св.Екатерина и Меркуриј – Воскресна (неделна) Вечерна
08.12.2012 – сабота, Св.Климент Охридски Чудотворец
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
09.12.2012 – недела, Света Божествена Литургија 10.30 часот
16.12.2012 – недела, Света Божествена Литургија 10.30 часот
17.12.2012 – понеделник, Св.вмч-чка Варвара, Св.Јован Дамаскин – Света Божествена Литургија 10.30 часот
18.12.2012 – вторник, Преподобен Нектариј Битолски; Св.Сава Осветен
– празнична Вечерна 19.00 часот
19.12.2012 – среда, Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
23.12.2012 – недела – Света Божествена Литургија 10.30 часот
30.12.2012 – недела – Света Божествена Литургија 10.30 часот


ЈАНУАРИ 2013

04.01.2013 – петок, Св.мач-чка Анастасија – празнична вечерна 19.00 часот
05.01.2013 – сабота, Преподобен Наум Охридски
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
06.01.2012 – недела 31` по Педесетница, (Бадник)
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
06.01.2012 – недела, Вечерна Богослужба 19.00
07.01.2012 – понеделник, Рождество Христово – БОЖИК,
Света Божествена Литургија 10.30 часот
08.01.2013 – вторник, Собор на Пресвета Богородица
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
09.01.2013 – среда, Св.архиѓакон и првомаченик Стефан
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
13.01.2013 – недела 32 по Педесетница, Оддание на Божик
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
13.01.2013 – недела, празнична Вечерна – 19.00 часот
14.01.2013 – понеделник Обрезание Господово; св.Василиј Велики;
Православна Нова Година – Света Божествена Литургија 10.30 часот
18.01.2013 – петок, Водокрст; св.мч-ци Теопемпт и Теона (строг пост)
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
19.01.2013 – сабота, Богојавление – ВОДИЦИ
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
20.01.2013 – недела 33 по Педесетница, Собор на св.Јован Крстител
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
27.01.2013 – недела 34 по Педесетница, Оддание на Богојавление
– Света Божествена Литургија 10.30 часот
31.01.2013 – четврток, Св.Атанасиј Велики; св.Кирил Александриски
– Света Божествена Литургија 10.30 часот

Бог да Ве благослови – отец Дејан Димитријевски


† Божиќни и Новогодишни Празници †

Share Button

.

Возљубени во Господа драги браќа и сестри,
МПЦО „Св.Наум Охридски“ од Виена ве информира дека по повод престојните црковни празници од почетокот на Декември до 31-ви Јануари, ќе дојде свештено лице од Р. Македонијa.

Во тој период црквата на Siemensstrasse 26, 1210 Wien, ќe биде за секој празник отворена преку целиот ден и ќe се одржуваат редовни литургии.

Сите православни верници а најмногу македонските најсрдечно ги каниме заеднички да ги прославиме престојните Божиќни и Новогодишни Празници.

Секој еден кој има потреба и е заинтересиран за црковни услуги како на пр. (светена вода, осветување на стан или деловни простории,крштевка итн…)
ве молиме да се обратите до Управниот Одбор за навреме да се организираат истите.

ИНФО тел.+43/(0)680 22 60 404
e_mail: MPCO@NaumOhridski.at


Осветување на новоизградениот објект во Виена кој го освети Митрополитот Европски г.Пимен

Share Button

.

Недела, 9ти Септември 2012 год.

Како што беше веќе објавено денот започна со свечена Божествена литургија која ја одржа Митрополитот Европски г.Пимен помогнат со отец Зоран и отец Антоние од Вевчани, Р.Македонија.

.

Македонскиот верен народ и овој пат се собра во својот храм на Siemensstr. 26, и со голема и длабока почит присуствуваше на литургијата. Храмот беше премал за верниците но сепак сите ги чуја најважните зборови од беседата „Многумина беа повикани, но малкумина се одбрани“.

.

Сите присутни верници со воздишка будно ги следа зборовите на нашиот пастир кој со голема радост им го честита денешниот празник „Свети Пимен“ и осветувањето на ново изградениот објект за потребите на црковната општина.
Црвената лента заеднички ја пресекоа Митрополитот Европски Неговото Високопреосвештенство г.Пимен, претседателот на црковната општина Димче Лазовски и како представник на Р.Македонија во Австрија амбасадорот Ѓорѓи Филипов.

Одкога беа благословени и осветени просториите, свечано се отвори таблата која беше поставена како симбол и благодарност за оствареното дело.

После осветувањето на објектот во салата беа поделени Благодарниците од страна на Европската Епархија и Митрополитот Европски г.Пимен до верниците кој учествуваа во изградбата и во финансирањето на објектот, салата и црквата.Каде и беше послужен свечен ручек на присутните гости кој беше припремен од вредните раце на македонските домаќинки.

Свеченоста ја збогатија групата „Соната“ и Елена Јовческа од Прилеп кои присутните гости ги дигнаа на нозе со македонски ора и песни.

Уште еднаш голема БЛАГОДАРНОСТ до сите верници и подржувачи на црковната општина Свети Наум Охридски од Виена и до сите оние кој помогнаа да овој ден и ова дело остане запаметено за идните македонски поколенија.

Официјална Покана за сите од МКЗ Виена

Share Button

Поканата за Осветувањето на 09.09.2012 год.


По повод државниот празник „8-ми Септември, Ден на Независноста на Македонија“ на 08.09.2012 год.

Осветување на новоизградениот објект, свечена Божествена литургија ќе одржи Митрополит Европски Пимен

Share Button

Возљубени во Бога драги браќа и сестри,
Почитувани сограѓани,

Сакаме да ве информираме дека на ден:
Недела, 9ти Септември 2012 година со почеток од 10:30 часот Божествена литургија и осветување на новоизградениот објект
свечена Божествена литургија ќе одржи нашиот ценет и сакан Митрополит Европски Пимен. После литургијата ќе започне големиот чин на осветувањето на новоизградениот објект кој и свечено ќе биде ставен во употреба од Неговото Високо Преосвештенство владиката Пимен и македонските верници.
Овој светол и голем чин за сите македонски верници и Македонци представува поставување нов камен темелник на нашето македонско битие во Виена.
Иако надојдени од сите катчиња и делови на мајка Македонија со различни дијалекти, обичаи и традиции сепак во душата и срцaта со една желба и верба кон Бога се сплотивме заедно под покривот на нашата мајка црква и заеднчки со добрoволен труд и слога изградивме македонски бедем и столб за сите нас а и за нашите идни поколенија кој ќе живеаат на овие простори.
ОД СЕ СРЦЕ им се заблагодаруваме на вредните и неисцрпни со енергија помагатели, донатори, градители… СИТЕ ВИЕ кој допринесовте да на SIEMENSSTRASSE 26 заблеска најсветото и најсветлото нешто за секој еден Македонец, имено знамето наше македонско и крстот наш православен под кој низ вековите сме барале утеха и заштита, затоа овој светол МИГ, да го споделиме и прославиме заеднички со слога и разбирање. опростување и помирување кон сите оние кои досега не нашле време и можност да помогнат а имаат желба, сепак ви велиме дојдете браќа и сестри портите македонски и златните двери црковни се отворени за секоја македонска душа дојдете чеда Свети Наумови во вашиот дом, во вашето стадо та да најдете душевен мир, спокојство, љубов и разбирања, та исти род сме и иста мајка Македонија не родила и израснала. Ги покануваме сите чеда македонски на овој историски ден за нас Македонци во Виена, да видат и да се уверат со своите очи како за една година од темел изникна новото дрво на животот и новиот храм на слогата и љубовта, за да го дочекаме и оној светол возвишен ден кога и темелите на новиот храм сложно и заеднички ќе ги удриме и крстот наш Македонски си поставиме. Без ваша помош и упорност ова не ќе беше можно, затоа сакаме да ги одликуваме и да ги даруваме највредните, најжилавите, најнеколебливите и најдарежливите не дека другите не се битни и важни ами како пример за сите нас да се огледаме на нашите браќа и сестри та и ние по нивните стапки и пат да тргнеме и да бидеме рамо до рамо горди Македонци.
За ова велепрекрасно христијанско дело посебни свечени Благодарници ќе бидат лично поделни и благословени со здравје, мир и благосостојба од страна на владиката Пимен а тие категории се:
-градителити и помагателите на објектот,реновирањето на салата и црквата со дадена доброволна работна сила минимум 30 часа
-донаторите кои ја исполниле својата дадена обврска и дале 1.000€ или повеќе
-донаторите кои ги лицитираа новите икони во црквата
После церемонијата продолжуваме со заедничка прослава и веселба во просториите и дворот, со македонски специјалитети, македонска скара и прасечко печење.

Од името на УО на
МПЦО „СВ..Наум Охридски“ Виена


.
.
.
.
.
.
.
.


Makedonska Pravoslavna Crkva-
Ohridska Arhiepiskopija
Evropska Eparhija

MPCO Sv.Naum Ohridski“ Viena

Makedonisch- orthodoxe Kirchengemeinde
„Hl.Naum von Ohrid“
Siemensstr. 26, 1210 Wien

Со овие две манифестации ние Македонците во Виена ја одбележуваме и ја прославуваме Независноста на
Р.Македонија а воедно и осветувањето на нашиот православен храм кој се одржа на ден 13. Септември 2009
година, оваа година имаме посебена чест да го осветиме и ставиме во употреба новоизградениот објект за
потребите на црковната општина и културна заедница Св. Наум Охридски – Виена.
Затоа апелираме на масовна посетеност во овие два дена бидејќи сите остварени средства ќе бидат
наменети за напредокот на нашата духовност и култура во Виена.
Уште еднаш честити и вечни да ни се овие датуми за навек да се врежат во свеста на Македонците, и да
се пренесуваат на идните генерации.
Писмото го завршуваме со зборовите на нашиот спасител Исус Христос, (според Евангелието на Матеј 22,
1/14) кои гласат
„Многумина се повикани, но малкумина се одбрани“
Затоа мили браќа и сестри на 9-ти Септември да бидеме сите ние не само повикани него и со нашето
присуство и одбрани и да покажеме почит и достоинство кон оствареното дело, црквата и нашиот владика.

Отецот Трајче со Црковниот Хор „Пресвета Богородица“ од Скопје во мпцо „Св.Наум Охридски“

Share Button

Недела 3.6.2012
Литургија со Отецот Трајче и Црковниот Хор „Пресвета Богородица“ гостуваа во нашата црковна општина „Свети Наум Охридски“ потоа продолживме со музика македоснки песни и ора.