Концертот на Танец задоволство но и поттик за понатамошна соработка

Share Button

“Тешкото“, Тресеница“ “Беломорски рис“ “Драчевка“ беа само мал дел од репретоарот со кој македонскиот национален амсамбл “Танец“ се престави во Виена. Најголемиот македонски амбасадар настапи за прв пат во австриската престолнина и тоа по повод 20 годинишнината од формирањето на Македонската културна заедница во Виена. Задоволство од настапот беше обострано, како кај македонската експедиција така и кај македонските исленици.

– За мене беше голема чест и радост што настапивме во Виена по повод одбележувањето на овој јубилеј. Танец, македонската гордост, македонскиот амбасадор направи еден прекрасен концерт. За разлика од минатите концерти, на кои свиревме за странска публика, во Виена атакот беше удрен на македонскиот мелос – рече директорот на Ансамблот, Зоран Џорлев.

Договорите за гостувањето на “Танец“ во Виена траеа скоро цела година, а целиот проект беше реализиран на огромно задоволство на македонците во Австрија.

– Гостувањето на Танец беше голем предизвик, со кој ние како црковна општина и културна заедница преку “Танец (орото и песната) успеавме не само на македонската публика, туку и на австрсиската да ја преставиме македонската култура и традиција. – истакна Роберт Петрески од МКЗ Виена.

Џорлев од Виена заминува со одлични впечатоци, приемот во македонската културна заедница традиционалната македонска гостопримливост но и воодушевен што друштвото “Македонка“ продолжува да ја негува македонската традиција.

– Сите овие луѓе живеат за да се сретнат и да земат дел од родната гртука. Ние ја носиме Македонија , но и да не забораваме дека во ова време со иценираниот проблем кој всушност и не е наш проблем, ние секаде каде и да настапуваме, настапуваме под името национален ансамбл од Македонија. Она што посебно ме воодушеви се КУД Македонка, кои одлично се преставијa, а она што “Танец“ го направи во салата сигурно дека ке биде поттик за сите понатаму да ја продолжат македонската традиција. Jас сум човек кој сум поминал и сито и решето, мојата кариера ја жртвувам да направм нешто за овој ансамбл кој го подржува државата, кој го подржуваат македонците ширум светот.– потенцираше Џорлев.


Од Македонската културна заедница велат дека организацијата на концертот на “Танец“ ќе биде дополнителен мотив да продолжат во истата насока организирајќи концерти и средби со останати македонски ансамбли ширум Европа.

– Тоа го организираме неколку години наназад, покрај нашата играорна група “Куд Македонка“ покануваме и организираме прослави со други играорни групи од Македонија, Австрија и соседните држави. Се надеваме дека така ќе продолжиме и во иднина – рече Петрески.

Танец ќе “танцува“ и низ Македонија.
Летово ќе имаме низа концерти низ Македонија, сакаме да не види и нашата македонска публика, прво треба нашиот народ во родната земја добро да не запознаа за да потоа се преставиме пред светската јавност. Танец летово го очекуваат серија настапи Скопско лето, културните лета низ Македонија, Отварање на Балкански фестивал во Охрид на 6 јули, потоа настап на 2 август во Крушево.

М.П.

Македонија и Австрија ќе се судрат во Данска

Share Button

Ракометните репрезентации на Македонија и Австрија ќе се судрат на Европското ракометно првенство кое наредната година се игра во Данска.

Покрај Македонија и Австрија во групата уште се домаќинот Данска и Чешка.
Македонија и Австрија се судрија во ланскиот бараж за пласман на СП во Шпанија,
кога поуспешна беше македонската селекција.

Натпреварите на ЕП во Данска се играат од 14 до 26 јануари следната година.

Во останатите групи се најдоа: Шпанија, Исланд, Унгарија и Норвешка во групата Б,
Србија, Франција, Полска и Русија во групата Ц, и Хрватска, Црна Гора, Шведска и Белорусија во групата Д.

“МПЦО Св. Наум Охридски“ денес на МТВ

Share Button

Репортажата која Македонската телевизија ја снимаше во Виена како и концертот на Танец по повод 20 годишниот јубилеј на “МПЦО Свети Наум Охридски – Виена“ ќе се емитува денес од 17.40 минути на МРТ 1 и МРТ сат.

Репрзизата со почеток 13 часот ќе биде емитувана во Недела само на МРТ сателитскиот канал.


Повелете во Недела по утринската Литургија, на еден мал пикник каде исто така ќе има и скара и ладни пијалоци, сите заедно во просторите на МПЦО Св. Наум Охридски, да ја гледаме емисијата посветена за нашиот 20 годишен јубилеј.

Македонските интернационалци го напуштија Матерзбург

Share Button

Македонските фудбалски интернационалци Илчо Наумовски и Гоце Седлоски го напуштија Матерзбург. Фудбалскиот колектив по долги години минати во најсилната фудбалска лига во Австрија во инфаркт завршница го загуби прволигашкиот статус.

Наумоски дојде во Матерзбург во 2005 година, а за зелените одигра 242 натпреври постигнвајќи 55 гола. Сезонава четири пати се запиша во листата на стрелците.

Рерпезентативецот со најголем број настапи во македонскиот дрес, Гоце Седлоски во изминатите седум години беше член на австрискиот клуб, прво како фудбалер, а потоа и како асистент во стручниот штаб.

Децата се запознаваат со Православната вера,традицијата и обичаите

Share Button

Во просториите на МПЦО-,,Св.Наум Охридски’‘ во Виена се одржа третиот час од циклусот часови по веронаука за деца.Дваесетина деца на возраст од 4 до 10 години се дел од одделението кое активно учествуваат на часовите. Часовите ги води Отец Валентин кој на децата им ги доближува вредностите на Православната вера, запознавање со Македонската традиција култура и обичаи.

– Ваквите часови за децата се една скала погоре кон придобивањето на Царството Небесно,со тоа го зголемуваме напредокот и вреднувањето на нашата Православна вера.Имајќи во предвид колку сме далеку од нашата татковина а со тоа и од нашата култура,традиција и обичаи.Неопходно е децата да знаат да ги практикуваат добрите дела, кои што се еден вид храна за душата,и за нормален, поточно кажано Богоугоден живот. (истакнува Отец Валентин), kој смета дека со ваква младина,со вакви деца и генерации нема потреба да стравуваме за иднината на Македонската православна црква и нација.

На часовите по веронаука најважна цел е децата да ја откријат вистината за Бога и вистината за човекот како личност или како што не поучува Св.Атанасиј Велики:,,Бог стана човек за човекот да стане бог.’‘.(истакнува Отец Валентин)

Настојуваме да одржиме што повеќе часови,но не онака, фигуративно. Затоа што целта на секој час е она што го учиме да остане врежано во срцата на децата.Доколку предадената материја од претходниот час не е добро совладана,не се задлабочуваме со нови теми. Но Слава на Бога,согледав голем интерес и интелегентни генерации кои секоја информација ја впиваат брзо и лесно,но исто така се жедни и што повеќе да научат.Од час во час децата разбираат дека животот не е бесмислен,а тоа е наша цел-потенцира Отец Валентин.


На часовите во просториите на МПЦО-,,Св.Наум Охридски’‘ на Сиеменсстрассе 26, 1210 Виена, учествуваат деца од 4 па до 9-10 годишна возраст. Но вратите од Македонското катче во Австриската престолнина се отворени за сите заинтересирани без разлика на возраста.

М.П.

Признание од амбасадата на Република Македонија во Република Австрија

Share Button

ПРОСТУМ И СО ОВАЦИИ, ВИЕНА МУ ОДДАДЕ ПРИЗНАНИЕ НА „ТАНЕЦ“. ПРВИОТ ГОЛЕМ НАСТАП НА КУД „МАКЕДОНКА“ ГИ ОСВОИ СИМПАТИИТЕ НА ПУБЛИКАТА

Првото гостување на националниот македонски ансамбл „Танец“ во Виена претставуваше досега незабележана промоција на македонскиот фолклор во Австрија. Аплаудираа над 500те присутни, од членовите на КУД „Македонка“ во Виена, кои под водство на претседателката, д-р Бети Хохштегер и кореографија на Александар Арабаџиев настапија како пред-изведувачи, па се до амбасадори, почесни конзули, црковни великодостојници и пратеници од австрискиот Парламент.

Повод за гостувањето на „Танец“ беше 20 годишнината од основањето на МПЦ „Св. Наум Охридски“ и „Македонското културно друштво“ во Виена. Во прославата беше вклучена и манифестација во просториите на „Македонската културна заедница“, главен организатор на гостувањето на „Танец“ и на останатите настани поврзани со одбележувањето на јубилејот. За настанокот на МКД говореше претседателот на МКЗ и на МПЦ, Димче Лазовски.
Присутните ги поздрави во име на претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и МНР, Никола Попоски, амбасадорот на РМ во Виена, д-р Ѓорѓи Филипов.
Пред почетокот на манифестацијата се оддржа свечена литургија на која чиноначалствуваше Г. Пимен, Митрополит на Европската епархија на МПЦ, кој даде висока оценка за развојот на МПЦ Св. Наум Охридски“.
Амбасадата на РМ во Виена и благодари на МКЗ и МПЦО СВ. Наум Охридски за организацијата на манифестацијата.