Недела, 14-ти април Света Василиева Литургија

Share Button

Драги Верници сакаме да ве информираме дека во Недела,
14-ти Април со почеток од 10 часот (Недела на Св. Јован Лествичник),
ќе има Света Василиева Литургија на која ќе чиноначалствува
Негово Високопреосвештенство Митрополит Европски Господин Пимен


Богослужби 22-23-24.03.2013 год.

Share Button

Драги Верници нека ви се лесни Постите,
воедно сакаме да ве информираме дека Отецот Валентин ќе служи Богослужби во ПЕТОК САБОТА и НЕДЕЛА со почеток од 10:30 часот.

-петок,22.3.13 Светите четириесет маченици во Севастија;

-сабота,23.3.13 Преподобната мајка Анастасија; (Тодорова сабота)

-недела,24.3.13 Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски; Светиот маченик Пиониј и другите со него;



Сите верници кои имаат потреба од свештено лице, Отецот Валентин во Виена е до вторник 26.03.2013 год. и може да го добијат на тел. 06802260404

Прочка – Отецот Валентин

Share Button

ПРОЧКА – Прости ми, нека ти е простено


Почитувани верници МПЦО „Св. Наум Охридски“ од Виена ве информира дека по повод празникот Прочка (Недела на проштевањето) Отецот Валентин ќе служи:

Сабота, 16.март.2013 год. Вечерна Богослужба со почеток од 18:30 часот.


Недела, 17.март.2013 год.- Утринска и Св. Боженствена Литургија со почеток од 10:00 Часот.


После литургијата сите заедно во салата со сокче кафе и ракија ќе си простиме едни на други (прости ми, нека ти е просто).

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.

Митрополит Европски Господин Пимен

Share Button

Негово Високопреосвештенство
Митрополит Европски
Господин Пимен

Роден во Ресен, Република Македонија, од православни родители на ден 03.10.1971 година, со световно име Сотир Илиевски. Основно и средно образование завршува во Ресен. Во учебната 1994/95 година се запишува на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По завршувањето на третата година од студиите во Мај 1997 година заминува во манастирот посветен на „Свети Леонитиј“ во Водоча, каде истата година е замонашен и го добива името Пимен. Во таа година е ракоположен во јероѓаконски чин а потоа и во јеромонашки од надлежниот Митрополит на Струмичката епархија г. Наум.

Во почетокот на 1998 година е поставен за старешина на манастирот „Свети Петнаесет Свештеномаченици“ во Струмица, а од втората половина на истата година е поставен за старешина на манастирот „Свети Леонитиј“ во Водоча. Во Јануари 1999 година добива игуменски чин и од Септември истата година ја врши должноста Архиерејски намесник на Струмичката епархија. Од 2003 година е на должност секретар на Струмичката епархија.

Во Фебруари 2004 година со братството се сели во манастирот посветен на „Свети Климент и Наум“ во село Хамзали – Струмичко, каде што е и поставен за старешина на тој манастир. Во Март 2004 година ги завршува студиите на Бгословскиот факултет Свети Климент Охридски во Скопје, и набрзо потоа поточно на Цветници истата година е произведен во архимандритски чин.

Септември истата година се наоѓа во Париз, Франција каде се запишува на постдипломски студии на Православниот Теолошки институт „Свети Сергеј“, а истовремено е парохиски свештеник во Македонската Православна Црковна Општина „Св.Климент Охридски“ во Париз и „Св.Илија“ во Брисел, Белгија.

На Синодската седница во Април 2005 година, Светиот Архиерејски Синод на Маедонската Православна Црква го вбројува на списокот за избор на нови архиереи заедно со останатите двајца Архимандрити Методиј и Климент. На празникот на сите Македонски светители на 01/02.10.2005 година во новообновениот храм на „Свети Пантелемон“ и „Свети Климент Охридски“ на Плаошник, и наредниот ден во катедралната црква на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, беше наречен односно хиротонисан за викарен епископ на Струмичката епархија со титула Епископ Полјански.

Од 06.04.2006 година е поставен за администратор на Македонската Православна епархија за Европа со сите права и должности. На редовна седница одржана на 22.06.2006 година, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го поставува за Митрополит на Македонската Правослвна Епархија за Европа.

Зборува Француски и Англиски, а се служи и со Руски јазик.


Душко Ѓероски го фати крстот во Виена

Share Button

† БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ се одбележа и во Виена!
Чествувањата на Богојавление – Водици чин со кој православните верници го одбележуваат големиот христијански празник во нашата црква започнаа утрово во 10:30 часот со свечена литургија на која просуствуваа стотина верници, по студено снежно време со оветување на водите во дворот на мпцо Свети Наум Охридски се флраше и светиот крст по кој скокнаа педесетина верници.
Најсреќен меќу нив беше Душко Ѓероски, кој се надева дека по овој чин новата 2013 година ќе му биде среќна и бериќетна. Со фрлањето на крстот чиноначалствуваше свештеникот Дејан Димитријевски


Среќникот Душко и синот Петар Ѓероски


На денешен ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Годишно Собрание 2013 – НЕДЕЛА 03.02.2013 12:00 часот

Share Button


НЕДЕЛА 03.02.2013 12:00ч

Сакаме да ве информираме дека во Недела, на 03.02.2013 ќе се одржи годишно собрание на МПЦО Св.Наум Охридски-Виена! Црковниот управен одбор ве повикува – сите македонски фамилии, сите заинтересирани и симпатизери на МПЦ да дојдете и активно да земете учество!

Нашите обврски како Македонци овде во дијаспората најдобро ги знаеме, а тоа се достоинствено представување на нашето духовно, културно, опшествено и историско наследство на нашата татковина Р. Македонија!
– Секој од нас треба и може да придонесе нешто во исполнувањето на тие обврски на заедницата!
– Секој од нас треба и може да помогне нашата заедница во Виена да цути!

Секогаш со заеднички напори и сили сме работеле и треба да работиме и сега и во иднина. И покрај ограничените можности и средства – заедно сме постигнале многу досега:
2009:

– по заедничка одлука: купување на имот за потребите на македонците во Виена на Siemensstr. 26, A-1210 Wien
– дадено многубројно ветување за заедничко финансирање од страна на македонските фамилии

– благослов и осветување на црквата, салата и целиот имот од страна на Неговото Високопреосвештенство –
Митрополит Евроспски Г. Пимен

2010: реновација (покрај друго и поставување на топлинска изолација) на црквата и салата 2011: по заеднчка одлука: поставување на камен темелник на додатните простории (кујна, санитарен чвор, заедничка просторија, канцеларија, библиотека, стан за свештеник)

2012: благослов и осветување на додатните простории од страна на Неговото Високопреосвештенство – Митрополит
Евроспски Г. Пимен

Заедно уште многу можеме да постигнеме – но следново мора да го постигнеме бидејќи заедно сме дале збор!:
– Исплата на кредитот земен за купување на имотот

– Донесување редовен/стален свештеник

– Изградба на македонски православен храм

За постигнување на нашите цели треба да истраеме во заедничките напори – треба редовност и во донирање и во помагање и во присуство! За доброто на сите нас и на нашите деца!

Кој може да стане член во црковниот управен одбор?

Секој кој сака да биде дел од УО може да се кандидира или да биде кандидиран од друг член.
Кој може да стане носител на функција (раководител) во управниот одбор?

Во раководство на УО (носители на функции) може да бидат/станат само членови кои земале активно учество во работата на УО во изминатите години и имаат уплатено финансиски средства најмалку ЕУР 500,-.
Кој има право да гласа за дадените предлози на собранието?

Секоја фамилија која е на списокот на донатори може да земе активно учество во гласањето за поднесените предлози.
Кој има право на активно учество во собранието?

Секој македонец и секој симпатизер на македонската православна црква и на македонската културна заедница има право да присуствува, да дава предлози и активно да се вклучи во дискусиите.

Посебно ве замолуваме барем по еден член од фамилијата да присуствува на ова годишно собрание, на кое што ќе бидат донесени битни одлуки!