Share Button

На 5ти Мај 2012 год. во салата на Македонската културна заедница „Св.Наум Охридски“ од Виена во организација на КУД„Македонка“ пред македонската публика се представија три фолклорни друштва: – КУД „Македонка“ од Виена, КУД „Братство“ од Росоман/Р.Македонија и КУД „Младост“ од Леоберсдорф/Долна Австрија. Оваа вечер долго ќе се памети по прикажаните сплетови, ора и песни кој младите игроорци ги прикажаа и заслужено ги освојија срцата и аплаузот од публиката, ниеден присутен не можеше да одолее на звуците на гајдата и тапанот. Гостите од Македонија беа пречекани во просториите на Siemensstrasse 26, во Петокот на 4ти Мај од страна на членовите и раководството на КУД „Македонка“, кадеRead More →

Share Button

Почитувани членови на кратко сакаме да ве информираме за 3 дневната програма од Петок 4. Мај до Недела 6. Мај 2012 по повод доаќањето на КУД „Братство-Рос“ ПРОГРАМА Петок, 4.5.2012 15:00 ч. Пристигнување на гостите од Росоман во нашите простории. Пречек, запознавање и заеднички ручек во дворот или салата зависи од временските услови. Во нашиот редовен термин за проби ке одржиме заедничка проба со „Братство-Рос“ и разменување на информации во врска со фолклорот. Од 20:00 часот децата се распределуваат по фамилии и вечерта можат да ја поминат во домот на нашите членови или пак да се искористи за заедничка прошетка или излегување низ Виена. ЗначиRead More →

Share Button

*** П О К А Н А *** Сабота, 05. Мај 2012 год. св.вмч. Георгиј- ЃУРЃОВДЕН Во организација на КУД „Македонка“ од Виена и мпцо „Св.Наум Охридски“ ќе ни гостува фолклорното друштво од Росоман (Р.Македонија) „Братство-Рос“, кое ќе се представи со традиционални македонски ора и песни, исто така и КУД „Македонка“ ќе има свој настап. Срдечно ги покануваме сите љубители на македонскиот фолклор, ора и песни да бидеме побројни и да им дадеме подршка на младите игроорци и амбасадори на македонската народна култура. После концертот продолжуваме со заедничка прослава со музика во живо, со традиционална македонска кујна и добра забава.Read More →

Share Button

На вчерашниот јубилејен 10.ти по ред „интернационален фолклорен натпревар„ во организација на АНО93 кровно здружение на хрватите во Австрија зема учество како представник на Р.Македонија и КУД„Македонка“ од Виена. Во голема конкуренција на 10 држави го представија македонскиот традиционален сплет за времето на калајџиите, кога нашите предци во дамнешно време ги калалисувале тепсиите, садовите итн… со „Калајџиското“ се представува и еден дел од македонското народно културно богатсво кое ние го имаме како народ, затоа раководството на КУД „Македонка“ им се заблагодарува пред се на игроорците, потоа на родителите кои со својот ентузијазам и упорност придонесуваат сето ова да биде можно, на македонската културна заедница иRead More →