* ♫ ツ МАСКЕНБАЛ 2015 ツ ♫ *

Share Button

ЈуПиИи…! ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ッ

narren-0062 ♥♥♥ narren-0062 ♥♥♥ narren-0062

♫ МАСКЕНБАЛ ЗА ГОЛЕМИ И МАЛИ ♫

ok1

㋡ ⓂⒶⓈⓀⒺⓃⒷⒶⓁ ㋡

14.02.2015 во 16 час.

Игрaње, пеење, смеење и дружење со детски песнички.

Заеднички игри, натпреварување за награди,
богата мини томбола, и на крај сите заедно ќе ја избереме
најубавата МАСКА на маскенбалот.

За дечињата ќе има КРОФНИ и многу други слатки работи како
и богата домашна трпеза за возрасните.

Маскенбалот ќе се одржи во просториите на
МПЦО „Св.Наум Охридски“ на Siemensstrasse 26, 1210 Wien.
* ВЛЕЗОТ за сите маскирани е БЕСПЛАТЕН
* Немаскирани 5,- еур. *

clowngeh

clowngeh



БАДНИК и БОЖИК во ВИЕНА

Share Button

❋ ✤ ❋ ХРИСТОС СЕ РОДИ ❋ ✤ ❋

Со грејана ракија, оро и песна, Македонците во Виена ги прославија Бадник и Божик.

06 јануари кога СВЕТАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА го прославува празникот – БАДНИК, во нашата МПЦО Свети Наум Охридски во Виена се служеше Свечена Боженствена Литургија, чинот кој најповеќе го израдува свештеникот како и одборниците, беше преполнетата црква со верници!

1
2
3

По завршувањето на Богослужбата верниците преминаа во црковната сала каде беше припремена лецитација како и бадникови гранчиња и греана ракија.

За прославата да биде уште повесела се погрижи и македонскиот естрадниот уметник ДУШКО ГЕОРГИЕВСКИ кој со семејството ја посети црковна општина во Виена и заедно со естрадниот уметник ПАВЛЕ КАЈМАКОСКИ со ора и песни ги развеселеа сите присутни.

6
4
5
7

Одбележувањето на Рождеството Христово – Божик започна со Свечена Боженствена Литургија која ја богослужеше парохискиот свештеник Отец Валентин во црквата „Свети Наум Охридски“ во Виена.

12

По литургијата прославата продолжи во салата каде се пееа песни играше оро, и се служеше греана ракија.

11

Исто така помеѓу своите Македонци во Виена на одбележување на Рождеството Христово – Божик во „Св. Наум Охридски“, во Виена присуствуваше и Амбасадорот H.E. Д-р Кире Илиоски со сопругата, кој воедно ги поздрави сите присутни и им го честита Божик со зборовите „Христос се роди”, како и желби за спокој на душата и мир во срцето, за радост со најблиските.

8
DSC_0569
9
10

❋ ✤ ❋ НАВИСТИНА СЕ РОДИ ❋ ✤ ❋

Роберт П.

ЗАЕДНО ЗА ИЗГРАДБА НА ПРАВОСЛАВНИОТ МАКЕДОНСКИОТ ЦРКОВЕН ХРАМ „СВ.ЗАЛТА МЕГЛЕНСКА“ ВО ЗАГРЕБ

Share Button

    Македонците во Загреб ќе добијат Македонска Православна Црква!

Македонската Православна Црковната Општина „Св.Наум Охридски“ од Виена на 11-ти Октомври со почеток во 20:00 часот ќе организира хуманитарен концерт за изградба на црквата „Св. Злата Мегленска“ – Загреб.
humanitarenkoncertboro

На овој концерт свој придонес ќе дадаат и македонските групи Сесија Бенд од Р. Македонија и Балканика Бенд од Р. Словенија.
На овој концерт исто така ќе имаме и делегација од Загреб која ќе ја предводи претседателката на УО на МПЦО „Св. Злата Мегленска“ – Загреб, Г-ѓа Јулијана Кениг.



Воедно Ве покануваме што помасовно да се собереме на овој концерт, за и уште еднаш да ја подадеме својата рака и да им помогнеме на нашите Браќа и Сестри во Р. Хрватска.

10337705_294265717402844_155860095362130222_n

“Ајде да оставиме уште еден белег, ајде да подигнеме Божји храм и во нашите срца и во центарот на Загреб.Ајде да ја исшпишеме и оваа убавина во новата историја, ајде да го реализираме и овој преубав проект да гo изградиме и овој Храм во Европаската Епархија, како што тоа го сторија и нашите Браќа во Св.Наум Охридски – Малеме-Шветска, Св.Наум Охридски – Трингент-Швајцарија, Св.Никола – Маинц-Германија.Ајде да сториме нешто што ќе биде истовремено добро и за спасителот наш и за нас самите“

crkva[21]

Покрај загарантираната забава, за љубителите на добрата кујна се погриживме да има покрај ладните појалоци и мешана скара cо врвен скараџија, мајстор Бале.

МПЦО ,,Свети Наум Охридски" Виена ,,Hl. Naum von Ohrid Wien" Siemensstrasse 26, 1210 Wien
МПЦО ,,Свети Наум Охридски” Виена
,,Hl. Naum von Ohrid Wien”
Siemensstrasse 26, 1210 Wien

Почеток на концертот 20 час.

Влез: 10 ЕУР, за деца и младинци од 12 до 18 год. влезот е 5 ЕУР.

.

Срдечно Ве поканува,
во имeто на Црковниот Одбор
зам.сек. Роберт Петрески

Прослава на „Св.Кирил и Методиј“ во Виена

Share Button

Почитувани,
МПЦО „Св. Наум Охридски“ од Виена ве информира дека по повод престојниот празник „Св.Кирил и Методиј“ – Петок, 23.05.2014 год. во нашите простории ќе организираме прослава на која ќе имаме чест да не забавува познатиот естраден уметник,
CD-089_Petar-Necovski_2

Петар Нечовски

Покрај загарантираната забава, за љубителите на добрата кујна се погриживме да има покрај ладните појалоци и скара cо врвен скараџија.

Почеток на концертот 20 час.

Влез 10 ЕУР, за деца и младинци до 18 год. влезот е бесплатен.



____________________________________________

† Сабота, 24.05.2014г. Св. Кирил и Методиј

(Божествена Литургија со почеток од 10:00 ч.)

Kiril_i_Metodij_od_Pobožje

По утринската литургија во дворот ќе се организира и пикник збогатен со скара.

– Мислиме и на љубителите на фудбалот за кој ќе се потрудиме да организираме пренос од финалето од лигата на шампиони, дуелот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид !!!


Изборно Годишно Собрание 2014 год.

Share Button

Недела 23-ти фебруари со почеток од 10:30 часот, беше отслужена СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА на која чиноначалствуваше Негово Високопреосвештенство Митрополит Европски Господин Пимен, каде што и воедно беа осветени и двете ново пристигнати икони во нашиот црковен храм.

pi

Годишното изборно собрание започна во 12:30 часот на кое беа присутни 150-на членови.

22

Претседателот г-дин Димче Лазовски го отвори собранието и ги поздрави сите присутните меѓу кој беа Митрополит Европски Господин Пимен и Македонскиот амбасадор во Австрија, д-р Ѓорѓи Филипов кој исто така ги поздрави сите присутни на собранието.

амбасадор

За претседател на работното раководство на собранието беше избран Негово Високопреосвештенство Митрополит Европски Господин Пимен, како оверувачи беа предложени и избрани г-дин Роберт Петрески и г-дин Борче Јанев, како записничари г-дин Борис Лозаноски и г-ѓа Антонета Левковска.

33

– Извештај за работењето на црковниот одбор во изминатиот период – известуваше претседателот г-дин Димче Лазовски за постигнатото во 2013 г.

димче

– За финансискиот извештај известуваше благајникот г-дин Илко Врглески кој беше испечатен пред секој еден присутен на собранието и благајникот Врглески го појасни подетално со конкретни износи.

ile

– Известуваше секретарот г-дин Златко Николоски за административните дејности, постигнатите контакти, остварените комуникации и реализираните манифестации како например концертот на Танец по повод 20 годишнината.

1780619_738128249551193_2061891573_n

– Краткиот извештај од страна на контролниот одбор го појасни г-дин Горан Најдовски.

горан

По излагањето беше отворена дискусија за актуелната состојба на која одговараа членовите на старото раководство.

тања

Пред самата пауза на собранието, црковната општина ја посетија г-дин Крсте Мукоски и градоначалникот на општина Аеродром-Скопје г-дин Ивица Коневски ги информираа иселениците во дијаспората за можностите и важноста на гласање за претседателските избори.

крсте

Одкако си заминаа гостите беа и предложени кандидатите за претседатели на нашата црковна општина.
Како прв кандидат беше предложен стариот претседател г-дин Димче Лазовски а како негов против кандидат беше предложен подпретседателот г-дин Домазетовски Љупчо.

44

По пауза од 30-тина минути започна гласањето со гласачки ливчиња и заокружување на кандидатите.

11

Додека се пребројуваа гласовите паралелно се избраа и членовите на контролниот одбор и советодавен одбор.

66

По пребројаните глесови:
За г-дин Димче Лазовски имаше 59 гласа, додека за г-дин Љупчо Домазетовски 71 гласа.

претседатели
1234

По честитките кон новоизабраниот претседател г-дин Домазетовски беа предложени и избрани новите членови на црковниот управен одбор, кој веднаш по изборот ја потпишаа и положија својата заклетва во црковниот храм.

678

>>> ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ ОД ГОДИШНОТО СОБРАНИЕТО … < <<

Роберт П.

ЗАШТО ПАРОХИЈАЛ ?

Share Button

logo mpco

Можеби Вие до сега не сте биле член на нашата Црковна општина, затоа и ви се обраќаме на Вас со желба и молба да ни се придружите! Тоа ќе биде од заемна корист, колку за Црквата и нашата општина, дотолку и за Вас лично.

31391453_662525073778178_247535175_n

ШТО Е ТОА ПАРОХИЈАЛ

Парохијалот претставува годишен или месечен допринос на едно семејство или на поединец за црковната општина во која што припаѓа. Покрај материјалното, парохијалот има уште повеќе морално значење за сите нас, посебно овде во туѓина.

Со вашиот парохијал, како и со почесто доаѓање во нашата Божја Црква, Вие докажувате дека Црквата и секој посебен реализиран проект во афирмирање на нашата Македонска култура, јазик и традиција посебно ви лежат на вашето срце.

1465344_682779698419382_1516161489_n

Црквата ви треба Вам и за Ваша помош, но не заборавајте дека и Вие и требате на Црквата за нејзината помош. Со уплаќањето на редовниот парохијал, годишно ЕУР 60,- – со само ЕУР 5,- месечно (по бозрасен вработен) Вие ги помагате редовните обврски во нашата Црковна општина, свештеничката плата и нормалното функционирање на нашата општина.

2

Црквата секогаш со задоволство му излегува во помош на секого, кому му е потребна помош. Но, сепак посебно и со подруго внимание и наклоност одговара кон оние кои таа помош ја заслужуваат. Со редовното доаѓање на Светите Богослужби, со славењето на Имендените, Славите, преку исполнување на одредени молитвословија и други црковни прописи а воедно и негување на здрави обичаи Ние докажуваме дека сме Чеда Божји на нашата Света Климентова Македонска Црква и поносна нација.

4

Не помислувајте дека од Црквата нема да ви затреба никаква помош. Помошта која што Црквата ја нуди може да биде и материјална и моорална. Покрај верските обреди како што се: крштевање, венчавање, осветување домови, помени и др. Можеби ќе ви затребат и совети, уверенија, препораки, посета во Болница или во вашиот дом и др.

1483343_1385154161733149_1659948162_n

Како родители ве молиме да делувате и на вашите деца кои завршиле со своето образование и почнале да работат, да и тие станат активни и редовни членови на нашата црковна општина, која покасно позитивно ќе делува во нивниот Морален, Духовено-Религиозен и национален развој. Тоа ќе биде во лична корист и во корист на Црквата и на нашата нација.

1391453_662525073778178_247535175_n

СО ПОСЕБНА ПОЧИТ,
ОТЕЦ ВАЛЕНТИН ТАШКОВСКИ
со ЦУО на МПЦО.,,СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ’‘ – Виена