Прослава „8ми Март“ 2012 година

Share Button
По повод интернационалниот ден на жената „8ми Март“, во Сабота на 10ти Март 2012 год. во салата на мпцо Св.Наум Охридски голем концерт и забава со македонската естрадна ѕвезда НОВИЦА Василевски !!! . Дамите ќе добијат цвеќе, скромен козметички поклон а исто така за дамите во картата е вклучен и еден пијалок гратис. Пожелно е навреме да си ги купите картите и со секоја однапред купена карта… да си резервирате место за таа вечер за вас и вашата придружничка/и. Местата се ограничени така да преднос имаат оние кои навреме до 5ти Март ќе си ја купат картата ќе им биде и местото резервирано.
Се надеваме дека и оваа година најдовме соодветен уметник за оваа традиционална вечер и ве покануваме заеднички да им оддадеме почит на жената и таа вечер да помини во духот на рамноправноста. Влез 10 ЕУР, за деца и младинци до 18 год. влезот е бесплатен.


КУД „Македонка“ освои 3то место!

Share Button

На вчерашниот јубилејен 10.ти по ред „интернационален фолклорен натпревар„ во организација на АНО93 кровно здружение на хрватите во Австрија зема учество како представник на Р.Македонија и КУД„Македонка“ од Виена.

Во голема конкуренција на 10 држави го представија македонскиот традиционален сплет за времето на калајџиите, кога нашите предци во дамнешно време ги калалисувале тепсиите, садовите итн… со „Калајџиското“ се представува и еден дел од македонското народно културно богатсво кое ние го имаме како народ, затоа раководството на КУД „Македонка“ им се заблагодарува пред се на игроорците, потоа на родителите кои со својот ентузијазам и упорност придонесуваат сето ова да биде можно, на македонската културна заедница и црковна општина св.Наум Охридски од Виена, и на дадената подршка од амбасадата на Р.Македонија во Виена на чело со Др.Ѓорѓи Филипов. еше заедно сме посилни, а тоа значи и за нас македонците кои сме тука во Виена, секој еден што може на било каков начин да придонесе за презентација на македонскот фолклор е добродојден. А сега уште една благодарност до децата за освоеното 3то место.

♥♥♥♥♥ *** МАСКЕНБАЛ 2012 *** ♥♥♥♥♥

Share Button

На 18.02.2012 со почеток во 15 часот
во просториите на мпцо Св. Наум Охридски на Siemensstrasse 26, 1210 Wien
се организира МАСКЕНБАЛ за големи и мали.

Програма: Детски Песнички, заеднички игри, Куклен театар …
Секое дете ќе добие бесплатна крофна и богата домашна трпеза за возрасните.

Пријавување и информации на тел: 0676/5299883 или 0664/6622298

Осветена црквата Св. Наум Охридски во Виена

Share Button

Митрополитот Европски г.Пимен на големиот народен собир што се одржа вчера, ја освети црквата “Св.Наум Охридски” во Виена, со што и официјално македонската заедница во австриската престолнина доби свое духовно светилиште.

На чинот на осветувањето присуствуваа преку 300 Македонци кои живеат и работат во Австија, како и бројни гости меѓу кои и македонската амбасадорка во Виена, Весна Борозан, дипломати и претставници на ОБСЕ.

– После многу години макотрпна работа дојдовме до парче македонска земја во Виена и сега официјално веќе на тоа тло има Македонска Православна Црква, истакна претседателот на црковната општина „Св. Наум Охридски“ во Виена, Димче Лазоски.

Црковното земјиште МПЦО „Св.Наум Охридски“ го купи неодамна од диоцезата за сума од 400.000 евра, средства кои ќе бидат донирани од сите македонци кои живеат и работат во Австрија.

Од формирањето до денес МПЦО „Св. Наум Охридски“ успешно функционира борејќи се за интересите на македонската заедница во Австрија. Паралелно со МПЦО регистрирана е и Македонската културна заедница која е одговорна за организација на културниот, образовниот и спортскиот живот на македонците. Покрај тоа, таа организира и дополнителна настава на македонски јазик за најмладтите Македонци, со што се одржува важна врска со родната земја на нивните родители.

Македонската заедница во Виена стана сопственик на вреден црковен имот

Share Button

Македонската православна црковна општина -МПСО „Св.Наум Охридски“ од Виена стана сопственик на 1400м2 земјиште со 2 објекти кое се наоѓа во центарот на австриската престолнина, пренесува „Ohridnews“.

Црковното земјиште МПЦО „Св.Наум Охридски“ го купи неодамна од диоцезата за сума од 400.000 евра. Одлуката за купување на земјиштето едногласно била донесена на годишното Собрание што се одржа на 21.03.2009, на кое било договорено овој имот да биде купен со доброволни прилози кои ќе бидат донирани од сите македонци кои живеат и работат во Австрија.

„Оваа иницијатива за купување на црковен имот е покрената уште во 1998 година кога не успеавме да ја реализираме замислата поради ветото кое го наметна грчкиот владика Стајкос во диоцезата“, вели Димче Лазовски – претседател на МПЦО „Св. Наум Охридски“ во Виена. Оваа одлука не не’ обесхрабри туку напротив ја продолживме иницијативата и по бројни контакти и лобирања кај надлежните во диоцезата, кои траеа 10 години, успеавме дефинитивно да ја реализираме замислата, додава Лазоски.

Од 1992 МПСО „Св. Наум Охридски“ за секој поголем верски празник во Виена поканува свештеник од Македонија кој богослужбите ги одржува во изнајмени цркви. Конечно со купување сопствен имот македонската заедница во Виена која брои повеќе од 300 фамилии, верските обичаи ќе може да ги изведуваат во православен храм кој наскоро ќе биде адаптиран. Црквата ќе го носи името на големиот светец Наум Охридски, а ќе биде осветена во септември.

Од формирањето до денес МПЦО „Св. Наум Охридски“ успешно функционира борејќи се за интересите на македонската заедница во Австрија. Паралелно со МПЦО регистрирана е и Македонската културна заедница која е одговорна за организација на културниот, образовниот и спортскиот живот на македонците. Покрај тоа, таа организира и дополнителна настава на македонски јазик за најмладтите Македонци, со што се одржува важна врска со родната земја на нивните родители.

извор: Оhrid News

МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ И СМК СОБРАА ПАРИ ЗА ЖРТВИТЕ НА ВОЈНАТА

Share Button

Доделени 200.000 ГМ за семејствата на загинатите бранители

Во Архиепископијата на Македонската православна црква (МПЦ) завчера им беше доделена помош од околу 200.000 ГМ на семејствата на 39 загинати припадници на македонските безбедносни сили. Донацијата е доделена од Светскиот македонски конгрес и делегации на македонските заедници од Виена, Торонто и од Перт. По доделувањето на помошта, во соборниот храм “Свети Климент Охридски” беше одржана панихида во чест на загинатите припадници на македонските безбедносни сили.

– Сакам да им се заблагодарам на нашинците што дојдоа од Виена, Торонто и од Перт и им доделија помош на семејствата на загинатите припадници на македонските безбедносни сили. Тие на овој начин сакаат да ја изразат болката што ја чувствуваат за загубата на нашите деца – вели охридско-македонскиот архиепископ г.г. Стефан.

Македонските иселеници сметаат дека немаат доволно информации за состојбата во земјава. Македонско-културната заедница “Свети Наум Охридски” од Виена планира во почетокот на септември да организира демонстрации пред Парламентот на Австрија.

– Сакајќи да им помогнеме на нашата земја и на фамилиите, ние решивме да организираме хуманитарна, доброволна финансиска акција. Нема пари со кои може да се плати загубениот живот на припадниците. Ќе се организираме и понатаму за да им помогнеме на семејствата – вели Димче Лазоски, претседател на македонската делегација од Виена.

извор: Дневник