Пристигна Прота Борче Лазов во Виена

Share Button


.
.
…::: † В Е Л И Г Д Е Н † :::…

МПЦО „Св.Наум Охридски“ од Виена ве информира дека по повод престојните црковни празници пристигна свештено лице од Р. Македонијa Протата Борче Лазов кој ке престојува до 22.4.2012 година (Томина Недела).
.

Редослет на Богослужбите за време на Велигденските Празници:

† Сабота, 07.04.2012 Св. Благовештување и Лазева Сабота
(Литургија со почеток од 10:30 ч.)

† Недела, 08.04.2012 Цветници Св. Литургија
(почеток од 10:30 ч.)

† Четврток, 12.04.2012 Велики Четврток, читање на 12 страдални евангелија.
(Литургија со почеток од 19:00 ч.)

† Петок, 13.04.2012 Велики Петок, Погребение и кружење околу црква со Плажтаницата
(Литургија со почеток од 19:00 ч.)

† Сабота, 14.04.2012 Велика Сабота, Обиколка околу црквата и Св.Литургија за Велигден – Христово Воскресение полноќна Велигденска Богослужба со Св. ПРИЧЕСТ.
(почеток од 23:00 ч.)

† Недела, 15.04.2012 Богослужба Второ Воскресение со Св. ПРИЧЕСТ.
(почеток од 10:30 ч.)

После Богослужбата се продолжува со музичка програма.

† Понеделник, 16.04.2012 Св. Литургија втор ден Велигден.
(почеток од 10:30 ч.)

† Недела, 22.04.2012 Томина Недела
(Литургија со почеток од 10:30 ч.)

Секој еден кој има потреба и е заинтересиран за црковни услуги како на пр. (светена вода, осветување на стан или деловни простории, крштевка итн…)
Прота Борче можете да го контактирте на
мобилен: 0680/2260404

Македонско радио – глас од татковината разговор со претседателот на црковната општина г. Димче Лазовски

Share Button


Во раните утрински часови поточно во 1 часот во етерот на македонското радио – Глас од татковината,
претседателот на Македонската Културна Заедница Виена господинот Димче Лазевски им презентираше на слушателите што се се случуваше и што ќе се случува во црковната општина Свети Наум Охридски.

Разговорот на господинот Лазовски и госпогата Петровска можете да го слушнете на YouTube линкот:

Одржаното годишното собрание на МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена

Share Button

Од одржаното годишно собрание на МПЦО ,,Св.Наум Охридски,,
Siemensstrasse 26 1210 Wien ,
на ден 25.03.2012 година во 12.30 часот.

На собранието беа присутни околу 60-на членови.

:

За дневен ред е доставен додатен лист до сите присутни во случај да има измени на дневниот ред ќе се допишат накнадно.
Досегашниот претседател г. Димче Лазовски го прочита предлог дневениот ред составен од У.О. кој едногласно се прифати од присутните членови.

1 Претседателот Димче Лазовски го отвори годишното собрание.
2 Избор на работно претседателство кое ќе го води годишното собрание:
– За претседател предложен и избран Љупчо Домазетовски
– Записничари: Борис Лозановски и Роберт Петрески
– Оверувачи: Живко Митревски и Спасе Дишлиоски
3 Извештај за работата до сега и планови за идни проекти – известуваше претседателот Димче Лазовски.
– Пријатно сум изненаден од постигнатото во 2011 година.
– Во 2011 година не посетија и поглаварот на Македонската православна Црква г.г. Стефан и претседателот на Р.Македонија Ѓорге Иванов.
4 Извештај на секретарските и административните работи:
– известуваше заменик секретар г.Ѓорѓи Лазовски околу секретарските работи цитираме :
– Направена е веб страница преку која ги информираме сите наши членови
– Исто така со писма ги известуваме нашите членови
– Соработката со КУД,,Македонка,, Виена наша фолклорна група со која соработуваме многу добро.
– Во предвид е и формирање на младинска секција односно поголемо активирање на студентите кои се моментално на студии во Виена.
5 Финансиски извештај известува благајникот Врглески Илко
-Извештајот беше напишан на задната страна од листот со дневниот ред кој благајникот Врглески го појасни подетално

6 Разгледување и дискусија за новоизградениот објект :
– Изнесе објаснување одговорниот за градбата г. Боге Аврамоски при што рече:
Се што е изработено на објектот се гледа на видело и апелира за во иднина ако некој има нови идеји да ги изнесе пред време , а не кога ќе се заврши планираното.
Негова желба е колку може повеќе да се пружа помош за натамошната работа на новиот објект.

7 Дискусија по извештаите и за финансиите .
Претседателот Димче Лазовски рече :
Оваа точка се провлекува од 2009 година , што се однесува до нашето црковно место на Siemensstrasse 26 сите ние донесовме одлука за купување на местото , ама поголемиот дел од нашите членови не дале никаква помош а некои членови започнале со мала сума и престанале односно нема редовност во давањето на помош.За тоа место моравме да земиме кредит кој што со големи тешкотии се исплаќа.
– Да не се зборува позади грб ами директно во очи и на лице место и тоа вистината а не одстрана да се шират невистини.
– Денес на ова годишно собрание искажетесе и отворетего срцето , а не после тоа надвор на улица,дома или во кафеана.
Марина Петрески рече : Децата и младите од нашава црковна општина за почеток се доста активни а мој предлог е да бидат уште поактивни.
Боге Аврамоски : Парите што се плаќаат за кредитот ( за местото) не се даваат за изградба на објектот како што зборуваат некои луѓе од страна.
Златко Паликуќоски рече дека со уплатувањето од година во година место нагоре оди надолу .
Александар Митаноски : Мое мислење е дека посетата на црквата а мала, предлагам да ние колку е можно почесто да ја посетуваме ако не повеќе барем во недела кога има служби.
Гоце Димов : Оваа идеја за црква дојде касно , ова требаше пред 20 години да се спроведува. Се чудам како може воопшто да не се помогне финансиски , тоа не можам да си објаснам.
Лазе Пецев : Јас мислам дека меѓу нас македонците нема единство.Ако видиме дека нешто не оди како што треба тогаш да бараме помош.
Боге Аврамоски рече : Ако давам критика за некоја работа треба да дадам и нов предлог.
Лазе Пецев : Јас мислам дека во управата влегуваат членови даваат предлози и си одат, после доаѓаат нови членови.
Димче Лазовски : За овие две години имаше многу сторено .Многу сакам да имаме храбри луѓе како што ни беше покојниот Иван Киселоски кој стално велеше цитирам ,, Само напред,, – нема назад врајќање ,, заедно се можеме да направиме.Пофални зборови имам посебно на сите што учествуваа во градбата на објектот и во активноста на жените.
Боге Аврамоски : Предлагам секоја фамилија да дава по10 евра месечно за кредитот а не за објектот.
Аспасија Ѓорѓевиќ : Секој што почмал да плаќа да не престани амa да плаќа и понатаму и понатаму колку што може .
Амбасадорот Др.Филипов : Предлагам да се воведе чланарина , а во веб страната да се воведе и донација , да се направи анкета за прибирање на младите во нашите простории, и дали фирмите се фклучени финансиски и материјално.
Ана Левкоска :Предлагам да на состаноците почесто ни биде присутен и помага.
Лазе Пецев : Амбасадата да не поканува почесто нас македонците.
– Повеќе дискутанти предложија да оние што почнале да плаќаат, да му се прати писмо за да продолжат и понатаму со плаќање .
Протаѓаконот Ефтим со молитва го благослови нашето годишно собрание.Потоа тој истакна дека многу членови што доаѓаат не влегуваат во црквата.И денес од 50 тина во дворот и во салата во црквата влегоа само 5 луѓе. Многу малку се дава прилог.Тој ја подржува идејата за чланарина, исто така ја подржува и идејата од амбасадорот за анимирање на младите.
– На собранието се одлучи да се пуштат писма на сите оние што треба да платат финансиска помош за одплата на кредитот.
Ружа Кајмакоска : Предлагам да неколку членови од У.О. за Велигден со уплатници од човек на човек и треба повеќе дружење и поголема љубов да имаат луѓето.
Димче Лазовски : Предлагам да писмото да биде со согласнот дали ќе плаќаат или не и да го вратат назад.
Ружа Кајмакоска : Прифати да го состави писмото што ќе биде испратено.
– За делење на уплатници : Ружа, Марина , Ана и Божица.
– Точка 7 се поврзува со точка 8 .

9 Прием на нови членови во У.О.
– Разно : Лазе Пецев прашува што е со иконите,со благодарници , со свештено лице итн.
– За Иконите даде одговор Димче Лазовски (треба многу време).
– За благодарници рече Димче дека на сите заслужни досега ќе се дадат кога ќе се заврши објектот и кога ќе има прослава од 20 години на црковната општина.

– За нови членови на У.О. се пријавија:
– 1. Клекачкоски Дејан
– 2. Дишлиоски Спасе
– 3. Киселоски Блаже
– 4. Танев Ѓорѓи

– Свештено лице ќе дојде една недела пред и ќе остане една недела после Велигден

Состанокот заврши во 16.00 часот.

…::: † В Е Л И Г Д Е Н † :::…

Share Button

Возљубени во Господа драги браќа и сестри,

МПЦО „Св.Наум Охридски“ од Виена ве информира дека по повод престојните црковни празници од почетокот на
Април, ќе дојде свештено лице од Р. Македонијa.
Во тој период црквата на Siemensstrasse 26, 1210 Wien, ќe биде за секој празник отворена преку целиот ден и ќe се одржуваат редовни литургии.
Сите православни верници а најмногу македонските најсрдечно ги каниме заеднички да ги прославиме престојните Велигденски празници.
Секој еден кој има потреба и е заинтересиран за црковни услуги како на пр. (светена вода, осветување на стан или деловни простории,
крштевка итн…) ве молиме да се обратите до Управниот Одбор за навреме да се организираат истите.

† Патронат на нашата црковна општина светител и чудотворец Наум Охридски,
Предвелигденски и Велигденски циклус на Богослужби

Април (Тревен)

† Четврток, 12.04.2012 Велики Четврток, читање на 12 страдални евангелија (Литургија со почеток од 19:00 ч.)
† Петок, 13.04.2012 Велики Петок, Оплакување Хрисово (Литургија со почеток од 19:00 ч.)
† Сабота, 14.04.2012 Велика Сабота, Василиева Литургија ( почеток од 10:30 ч.)
* Велигденска Богослужба
* 23:00 Повечерие
* 00:00 Објавување на Воскресенито Христово и Воскресна Литургија.

† В Е Л И Г Д Е Н

† Недела, 15.04.2012 Второ Воскресение, (Литургија со почеток од 10:30 ч.)
† Понеделник, 16.04.2012 Воскресение Христово 2. Ден (Литургија со почеток од 10:30 ч.)

Преполна сала по повод „8ми Март, денот на жената“

Share Button


Преполната сала на македонската културна заедница во Виена,
со убаво расположение и добра забава до утринските часови Новица Василевски ги забавуваше присутните 300ини гости по повод „8ми Март, денот на жената“ со неговите препознатливи хитови.
Убавото расположение беше зачинето со македонски ора и песни,
а се бараше и место повеќе за седење. За жал салата беше премала за сите но сепак се покажа добро волја и никој не беше вратен. Полека но сигурно салата, просториите и црквата на “siemensstrasse 26“ стануваат препознатливо место и собиралиште на македонците во Виена, кои се повеќе и повеќе ги гледаат и сакаат како свои , такаречено еден вид семакедонсо катче за старо и младо.
Уште еднаш нека е среќен 8ми Март интернационалниот ден на жената и до следната средба и видување.

Фолклорното друштво од Росоман (Р.Македонија) „Братство-Рос“

Share Button

*** П О К А Н А ***

Сабота, 05. Мај 2012 год. св.вмч. Георгиј- ЃУРЃОВДЕН

Во организација на КУД „Македонка“ од Виена и мпцо „Св.Наум Охридски“
ќе ни гостува фолклорното друштво од Росоман (Р.Македонија) „Братство-Рос“,
кое ќе се представи со традиционални македонски ора и песни,
исто така и КУД „Македонка“ ќе има свој настап.
Срдечно ги покануваме сите љубители на македонскиот фолклор,
ора и песни да бидеме побројни и да им дадеме подршка на младите игроорци и амбасадори на македонската народна култура.
После концертот продолжуваме со заедничка прослава со музика во живо,
со традиционална македонска кујна и добра забава.