Добре дојдовте на инфо страната од МПЦО Свети Наум Охридски Виена, оваа веб страница е изработена за подобра информираност на сите македонци кој живеат и работат во Република Австрија

✞ МПЦ

Share Button

Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија

200px-Coat_of_arms_of_the_Macedonian_Orthodox_Church

Црквата е една. Господ не востанови многу цркви, туку една. А таа една Црква се поистоветува со единственото Тело на единиот Христос. Но, заради тоа што таа една Црква се остварува, се пројавува и иконично се изобразува во евхаристиската заедница возглавена од Епископ, таа, според природата на нештата, се појавува како многу Цркви, зашто незамисливо е да постои една евхаристиска заедница за цел свет.

Таму каде што верниците се собираат „на едно место“ околу својот Епископ за да го совршат евхаристиското собрание, таму се остварува и севкупното Тело Христово, односно таму се возглавува тајната на Божествениот домострој и во потполност се изобразува Царството Божјо. Затоа ние зборуваме за една Црква, којашто е составена од мноштво локални цркви. Исто така, заради тоа што секоја локална црква во којашто се совршува Светата евхаристија претставува потполно Тело Христово, секоја таква локална Црква е, треба да биде и може да се нарече севкупна, потполна Црква.

Како што Светата евхаристија го остварува целиот Христос, а не само некој Негов дел така и секоја локална Црква претставува потполно Тело Христово, а не само некој Негов дел. Значи, според православната еклисиологија секоја локална епископска Црква претставува потполна, соборна Црква, исполнета со сите благодатни богочовечки дарови Божји потребни за спасение на луѓето, односно претставува цело Тело Христово, зашто поимот Црква се засновува на Светата евхаристија.

Единството на локалната и универзалната (Соборната) Црква не е некакво единство во ‘колективност’ (каде што локалните Цркви би сочинувале ‘делови’ од една поголема ‘целина’), туку е благодатно единство во идентитет, каде што сите локални епископски Цркви, во светата Евхаристија, се поистоветуваат меѓусебно и со Телото Христово, односно и со онаа првобитна Апостолска Црква во Ерусалим и со есхатолошката Црква на Невечерниот ден на Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан е центар на соборниот живот и единство, како во својата локална Црква, Скопската Епархија, така, како прв по чест меѓу еднаквите во Синодот, и на целата наша Македонска Православната Црква – Охридска Архиепископија. Тој е нераскинлива алка во синџирот на соборното единство на Eдната, Света, Соборна и Апостолска Црква.

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
5

.

Денес, со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква претседава Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Останатите членови на Синодот се:

.

Митрополит Преспанско-пелагониски и Aдминистратор Австралиско-новозеландски г. Петар

Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј

Митрополит Струмички г. Наум

Митрополит Повардарски г. Агатангел

Митрополит Американско-канадски г. Методиј (хиротонија: 21. 06. 2005)

Митрополит Европски г. Пимен (хиротонија: 2. 10. 2005)

Митрополит Брегалнички г. Иларион (хиротонија: 13. 07. 2006)

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф (хиротонија: 7. 10. 2012)

Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф (хиротонија: 21. 10. 2012)

Викарен Епископ Хераклејски г. Климент (хиротонија: 12. 07. 2005)

Митрополит г. Горазд, поранешен Митрополит на Европската епархија

.

ЕПАРХИИ на МПЦ на територијата на Р. Македонија и во дијаспората:


1. Скопска епархија, возглавена од Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан;

2. Преспанско-пелагониска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Петар;

3. Дебарско-кичевска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Тимотеј;

4. Струмичка епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Наум;

5. Повардарска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Агатангел;

6. Брегалничка епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Иларион;

7. Тетовско-гостиварска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Јосиф;

8. Кумановско-осоговска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Јосиф;

9. Американско-канадска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Методиј;

10. Европска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Пимен;

11. Австралиско-новозеландска епархија, чиј администратор е Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар

sassvetasofija

Со 11-те епархии на МПЦ управуваат единаесет Епископи на кои моментално им помагаат околу 600 активни свештеници во околу 500 парохии со повеќе од 2000 цркви и манастири. Надвор од границите на Р. Македонија МПЦ пастирски дејствува во 6 епархии во дијаспората. Во околу дваесетина живи манастири под јурисдикција на МПЦ над 100 монаси и монахињи во молитва и монашки подвиг го чуваат живото светоотечко Предание.

Продолжувајќи ја просветителската мисија на Охридската Свети Климентова школа, согласно современите текови на теолошките науки, во апостолски дух, средното богословско училиште „Св. Климент Охридски“ и богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во рамките на Македонската Православна Црква, секоја година обучуваат млади теолози, учители по веронаука и свештеници.

Comments are closed.
Сите написи се користат само за информирање. Преземање, нивно користење и реемитување се можни со договор на администраторот