Menu
7.855 Comments
Share Button

На 5ти Мај 2012 год. во салата на Македонската културна заедница „Св.Наум Охридски“ од Виена во организација на КУД„Македонка“ пред македонската публика се представија три фолклорни друштва:
– КУД „Македонка“ од Виена, КУД „Братство“ од Росоман/Р.Македонија и КУД „Младост“ од Леоберсдорф/Долна Австрија.

Оваа вечер долго ќе се памети по прикажаните сплетови, ора и песни кој младите игроорци ги прикажаа и заслужено ги освојија срцата и аплаузот од публиката, ниеден присутен не можеше да одолее на звуците на гајдата и тапанот.
Гостите од Македонија беа пречекани во просториите на Siemensstrasse 26, во Петокот на 4ти Мај од страна на членовите и раководството на КУД „Македонка“, каде имаше заедничка свечена вечера и генерална проба за следната вечер. Во доцните часови сите деца и членови на КУД „Братство-Рос“ беа распределени во приватен смештај кај членовите на КУД „Македонка“ ,на ова место ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во оваа реализација и кој помогнаа за сместувањето и превземените обврски спрема децата како и до членовите на МПЦО „Св.Наум Охридски“ и Македонската Културна Заедница во Виена.
Во Саботата од 10:00 часот наутро започна заедничка прошетка низ Шенбрун дворецот на Хабсбуршката монархија и низ Виена.
Тука членовите на двете друштва имаа прилика за заедничко дружење, сликање и меѓусобна комуникација. Вечерта во 18:00 часот зборно место беше Сименсштрасе 26.
Со почеток од 20:00 часот беше закажан заедничкиот концерт на кој се придружија и нашите пријатели од Леоберсдорф КУД „Младост“.
Вечерта ја отвори најмалата група од КУД „Македонка“ која ни се представи со две изведби „Пајдушкото“ и „Весела Гајда“. Публиката видно возбудена од глетката не го штедеше аплаузот и пофалните зборови за најмладите членови кој се на возраст од 5-6 год па нагоре но сепак годините не се пречка да се изучи македонското оро.
КУД „Братство“ од Росоман ни се представи со неколку сплета и тоа:
„Игри од Егејска Македонија“ , „Повардарие“ , „Тутоноберачите“ и на крај „Игри од Пиринска Македонија“
КУД „Македонка“ се представи со „Калајџиското“, „Водарки“ и „Изворни ора во изведба на Дудук и Тамбура„
КУД „Младост“ ни се представија со „Игри од Србија“.
По завршувањето на сплетовите, КУД „Македонка“ како домаќин подели благодарници и поклони од страна на претседателот Борче Јанев до двете друштва а кореографот на „Братство-Рос“ Маријонка Печевска и претставниците на КУД „Младост“ се заблагодарија на прекрасниот пречек, организација и преубавата вечер кај своите сонардоници и приајтели во Виена. „Фолклорот е еден многу добар начин за заедничко дружење и представување на сопствената култура пред јавноста“ беа зборовите на Радиша Тодиќ претседателот на КУД „Младост“.
После официјалниот дел се продолжи со македонски ора и песни се до раните часови а негде околу 01:00 часот заврши прославата.
Следниот ден во Недела се одржа заедничка прошетка низ Пратер, каде членовите последен пат имаа прилика да се дружат заедно а и да се збогуваат. На паркингот каде беше паркиран автобусот се изигра заедничко македонско оро и со тешко срце се разделивме од нашите гости од Македонија со желба и мисла за што поскоро видување и дружење во Македонија или на било кое друго место.
Уште еднаш голема БЛАГОДАРНОСТ до сите оние кои помогнаа на било каков начин и не штедеја време и труд да се реализира овој проект, пред се гоелма Благодарност до членовите на КУД „Братство“ од Росоман кој приредија незаборавна вечер и гордо и со достоинство ги бранеја боите на својата држава Р.Македонија.

Од името на раководството на КУД „Македонка“ од Виена
сите нејзини членови и сите Македонци во Виена
Ѓорѓи Лазовски

Comments are closed.