.
Почитувани верници, драги Браќа и Сестри возљубени во Бога!
Сакаме да Ве информираме за велигденските активности во нашата црковна општина – ве молиме оваа информација да ја споделите со сите ваши пријатели!
Нашите врати се отворени за секого кој што доаѓа со добра намера во срцето и сака заедно со нас да ги слави православните празници, кој што сака заедно со нас да се помоли на Бога, кој што сака заедно со нас да ја негува македонската култура, кој што сака заедно со нас да ја изгради и развива македонската општина во Виена и заедно со нас да придонесе за развитокот на македонските општини низ цела Австрија!
† ВЕЛИГДЕН 2015
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден – Воскресението Христово!
Ве покануваме сите вас да ја збогатите Велигденската прослава со вашето ценето присуство! Да ја ислушаме достојно Светата Воскресна Литургија и во еден глас да го повикаме радосното „Христос Воскресе!“.
Распоред на Велигденските Богослужби:
† Четврток, 09.04.2015,
*Велики Четврток: од 10:00 час. Света Божествена Литургија
– 19:00 час. Света Богослужба, со читање на 12 страдални евангелија со изнесување на Св. Крст – Распјатие од Светиот Олтар
† Петок, 10.04.2015,
* Велики Петок: од 10:00 час. Царски Часови со Вечерна Богослужба и изнесување на Св. Плаштаница
– Преку целиот ден црквата ќе биде отворена за да можеме да се поклониме.
– од 19:00 час. Света Богослужба, Оплакување со литија околу црквата со Св. Плаштаница и Погребение Христово.
† Сабота, 11.04.2015,
* Велика Сабота: од 23:00 час. Полноќна Велигденска Богослужба со литија околу црквата и света Литургија за Велигден – Христово Воскресение!
† Недела, 12.04.2015,
* ВЕЛИГДЕН: од 10:00 час. Света Архиерејска Литургија, Второ Воскресение со СВЕТА ПРИЧЕСТ
† Понеделник, 13.04.2015,
* ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО ВЕЛИГДЕН – ВТОР ДЕН од 10:00 час. Света Божествена Литургија
† Недела, 19.04.2015,
*ТОМИНА(Недела на св. ап. Тома) Упокоение на Свети Методиј Солунски од 10:00 час. Света Божествена Литургија
МПЦО „Св.Наум Охридски“ Виена ќе организира и ВЕЛИГДЕНСКА ПРОСЛАВА.
• Чест ќе имаме да не забавува групата „Дади Бенд“ заедно со ОЛИВЕР ЛОЗАНОСКИ.
За повеќе информации Отец Валентин ќе е достапен на моб.: 0680/2260404