Добре дојдовте на инфо страната од МПЦО Свети Наум Охридски Виена, оваа веб страница е изработена за подобра информираност на сите македонци кој живеат и работат во Република Австрија

Тодорова сабота и Недела на Православие

Тодорова сабота и Недела на Православие

Share Button

Почитувани Верници нека Ви се лесни Постите,
сакаме да ве информираме дека Отецот Валентин ќе служи Богослужби во САБОТА и НЕДЕЛА со почеток од 10:00 часот.

Сабота,28.02.2015 г. – ТОДОРОВА САБОТА,
28 февруари е првата сабота од светата Четириесетница на Великиот пост која е посветена на споменот на свети Теодор Тирон и преславното чудо со коливото – варена пченица, по тој повод ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата “Св. Наум Охридски„ во Виена со почеток во 10:00 часот.

1

Недела, 01.03.2015 г. -НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕ,
првата недела од Великиот Пост е посветена на православната победа или издигнувањето на светите и чесни икони во судирот против иконоборците.

2

„Иконите беа непристојно исфрлени; Се радувам гледајќи го враќањето на нивното пристојно почитување“.
1 март НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО, во црквата во Виена
ќе се отслужи Света Василиева Литургија со почеток во 10:00ч.
Со вера и надеж во Христа.

Од 12:00 час. – ГОДИШНО ЧЛЕНСКО СОБРАНИЕ !!!

Со почит,
ЦУО на МПЦО „Св.Наум Охридски“ Виена

Comments are closed.
Сите написи се користат само за информирање. Преземање, нивно користење и реемитување се можни со договор на администраторот