Добре дојдовте на инфо страната од МПЦО Свети Наум Охридски Виена, оваа веб страница е изработена за подобра информираност на сите македонци кој живеат и работат во Република Австрија

ГОДИШНО ЧЛЕНСКО СОБРАНИЕ 2015

ГОДИШНО ЧЛЕНСКО СОБРАНИЕ 2015

Share Button

ПОКАНА ЗА ГОДИШНО ЧЛЕНСКО СОБРАНИЕ!


logo mpco

Почитувани браќа и сестри Верници!

Ве информираме дека во НЕДЕЛА 01.03.2015 12:00ч ќе се одржи годишно членско собрание на нашате црковна општина и ве молиме оваа информација да ја пренесите до сите ваши пријатели!

Нашите врати се отворени за секого кој што доаѓа со добра намера во срцето и сака заедно со нас да ги слави православните празници, кој што сака заедно со нас да се помоли на Бога, кој што сака заедно со нас да ја негува македонската култура, кој што сака заедно со нас да ја изгради и развива македонската општина во Виена и заедно со нас да придонесе за развитокот на македонските општини низ цела Австрија!

– Во прилог ви доставуваме и пристапница – доколку веќе сте потпишале и предале пристапница, може да ја преземете за ворасните членови на вашето семејство или да ја дадете на вашите пријатели.

>>> ПРЕЗЕТЕМЕ ЈА ПРИСТАПНИЦАТА ТУКА! < <<

• Црковниот управен одбор (ЦУО) ве повикува сите вас – верници, заинтересирани и симпатизери на МПЦ и целокупното членство – редовните членови заедно со почесните и со добротворните членови!

• Нашите заеднички обврски како Македонци во дијаспората најдобро си ги знаеме – достоинствено представување на нашето духовно, културно, опшествено и историско наследство на нашата татковина!

• Секој од нас може да придонесе нешто во исполнувањето на тие заеднички обврски!

• Секој од нас може да помогне нашата македонска православна црква да опстои развива и во Австрија!

• Досегашната дадена помош била и секогаш ќе биде признаена и врежана засекогаш во нашата општинска историја! Ве повикуваме сите вас, кои што сте придонесле веќе многу за развојот на нашата општина, да продолжите по тој пат!

• А вас, кои што не сте можеле досега, ве охрабруваме да почнете активно и редовно да ја поддржувате општината!

Појаснувања:
Кој има право да присуствува на годишното членско собрание?
Секој македонец и секој симпатизер на МПЦ-ОА има право да присуствува, да дава предлози и активно да се вклучи во дискусиите.
Кој има право да гласа за дадените предлози на годишното членско собрание?
Секој возрасен кој се наоѓа на списокот на донатори има гласачко право. За да си го оствари своето право лицето треба да е лично присутно.
Кој може да биде избран за член на одбор
[Контролен Одбор (КО), Советодавен Одбор (СО) и Црковен Управен Одбор (ЦУО)] или член на секција (оддел на црковната општина)? Секој возрасен кој се наоѓа на списокот на донатори, со редовно членство (потпишана пристапница) и што почнал со уплата на парохијалот пред најмалку 2 месеци.

24

ДНЕВЕН РЕД

(со благослов од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски Г. Пимен)

Општо правило: секое обраќање на раководството ограничено на 5мин; секое прашање од членовите и секој одговор на раководството ограничени на 2мин; максимално уште едно под-прашање.

1) Отворање од страна на претседателот на ЦУО Љупчо ДОМАЗЕТОВСКИ

2) Молитва и благослов од присутниот свештеник

3) Избор и потврдување на работното претседателство

4) Извештај на председателот за работењето на ЦУО во сегашниот мандат

5) Извештај од страна на благајникот на ЦУО Борис КИСЕЛОСКИ за финансиската состојба

6) Извештај од страна на секретарот на ЦУО Златко НИКОЛОВСКИ за административните дејности и комуникацијата

7) Извештај од страна на КО (контролниот одбор)

8) Извештај од страна на СО (советодавниот одбор, „Судот На Честта“)

9) Отворена дискусија за сегашната состојба (Раководството одговара на прашањата од присутните)

10) Пријавување на нови членови на трите одбори и нивно потврдување

Пријавените кандидати се прифатени и потврдени од страна на собранието ако нема приговор од редовните членови со право на глас! Ако има приговор против некое пријавено лице ќе следи гласање.

11) Пријавување на заинтересирани за формирање на следните секции

1 „Образование“ неделно црковно училиште, семинари, јазични курсеви, итн.
2 „Црковен Хор“ негување на црковното пеење
3 „Младина“ активности и забави насочен на деца и младите до 17г., екскурзии, итн.
4 „Театар“ драмски претстави, филмски претстави, читање на македонски приказни и дела
5 „Солидарност“ помагателни акции за исклучително загрозени лица и семејства во општината
6 „Жени“ градинарство, рачни изработки, круг посветен на женски прашања, итн.
7 „Рекреација“ спортски активности, круг посветен на здрав живот, планинарство, итн.
8 „Хуманост“ хуманитарни акции, помош за други црковни општини во Европската епархија

12) Отворена дискусија за развој на МПЦО Св Наум Охридски – Виена
Раководството ги прима и коментира предлозите од страна на присутните.

13) Полагање заклетва на потврдените членови на трите одбори и секциите

Во прилог Ви го доставуваме и писмото кое беше пратено до сите наши членови:

pokana za godisno clensko sobranie 2015-page-001

pokana za godisno clensko sobranie 2015-page-002

>>> ПРЕЗЕТЕМЕ ГО ПИСМОТО ВО (PDF) ТУКА! < <<

>>> ПРЕЗЕТЕМЕ ЈА ПРИСТАПНИЦАТА (PDF) ТУКА! < <<


НАПОМЕНА: СИТЕ ВИЕ КОЈ ЖИВЕЕТЕ И РАБОТИТЕ ВО АВСТРИЈА А НЕ ДОБИВАТЕ ИНФОРМАЦИИ ОД НАС(ПИСМА,СМС ПОРАКИ),ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ ДА НИ ГИ ДОСТАВИТЕ НА НАШИОТ Е-МАИЛ: MPCO@NAUMOHRIDSKI.AT

(име,презиме адреса и бр.телефон)

Comments are closed.
Сите написи се користат само за информирање. Преземање, нивно користење и реемитување се можни со договор на администраторот