На 1 јануари 2014 година во просториите на црковната општина „Св. Наум Охридски“ Виена се одржа оснивачко собрание на македонските пензионери од градот Виена, на кое се донесе одлука за формирање на Здружение на пензионери во склоп на црковната општина каде и да биде нејзиното седиште.
На собранието за претседател на здружението беше избран г-дин Борче Лозаноски и за негов заменик г-ѓа Вера Нанунческа.
За секретар беше избран Миланче Наунчески а за благајник Стеван Дивјакоски.
Собранието донесе статут за функционирање на здружението, како и програма за работа, исто така беа избрани и назначени Живко димоски како организатор на излетите и патувањата, и Ѓорги Димов органзатор за шах турнирите (натпреварите-игрите).
Здружението на пензионерите организира секоја прва сабота во месецот така наречени СЕДЕНКИ на кои се разговара околу новостите, се игра разновидни игри, пејат песни се кажуваат вицови и приказни а сето тоа збогатено со разновидни пијалоци и закуски кој ги подготвуваат домаќинките.
Во изминатата година исто така здружението на пензионери организираше и еднодневно патување со „Тони травел“ до Братислава-Словачка.
Чест и задоволсто ни е што го имаме ова здружение, кое веќе и има околу 70-тина членови, воедно сакаме да Ве информираме дека Здружението во Сабота, 07.02.2015 година во црковната сала на Siemensstrasse 26, ќе го прослави и своето едногодишно постоење со една скромна вечера која ќе биде организирана од сите членови на здружението.
Поканети на оваа прослава се сите членови и симпатизери на пензионерското здружение „Св.Наум Охридски“ Виена, но и Ве замолуваме вашето присуство да го најавите лично кај секретарот Миланче(Миле Бреитнер) на тел. 0699 117 70 204 за навреме и соодветно да се приготви салата.
п.с.Здружението на пензионерите е со отворени врати за секого кој има идеи и сака да помогне при реализирање на одредени активности.
За повеќе информации околу пензионерското здружение можете и лично да се обратите до претседателот Лозаноски Борис на тел.: 0664 736 59 565
Роберт П.