Добре дојдовте на инфо страната од МПЦО Свети Наум Охридски Виена, оваа веб страница е изработена за подобра информираност на сите македонци кој живеат и работат во Република Австрија

„Вардар-Виена“,  победник на интернационалниот турнир во мал фудбал

„Вардар-Виена“, победник на интернационалниот турнир во мал фудбал

Share Button

Прием за фудбалерите на „Вардар-Виена“ во македонската Амбасада во Австрија

1800283_785795394848398_2921311283315281064_n

– Клубот на македонските иселеници во Виена, „Вардар-Виена“, е победник на интернационалниот турнир во мал фудбал што се одржа деновиве, а на кој учествуваа екипи од Австрија, Словачка, Унгарија и Словенија. Од шест одиграни утакмици, Вардар-Виена оствари четири победи и два меча одигра нерешено со што го освои првото место на турнирот и победничкиот пехар.

10409612_782969421797662_6584650209801594494_n

По повод овој голем спортски успех, во просториите на македонската амбасада во Виена, амбасадорот на Република Македонија во Австрија Василка Попоска Треневска вчера приреди прием за играчите и раководството на тимот и во таа прилика им го честиташе првото место и освоениот пехар. Во победничката екипа најголем број на играчи се од македонско потекло, но ги има и од Гана, Кина и неколкумина од поранешните Ју-републики.

image1

– Клубот е формиран во 2010 година и за изминативе пет години постојано бележиме нагорен напредок. Моментално се натпреваруваме во Градската лига на Виена, прва класа „А“, и во есенскиот дел од првенството сме на петта позиција, но само два бода не делат од второто место, изјави претседателот и тренер на Вардар-Виена, Мирко – Мики Ицевски.

10339718_653657978062141_95030504186819649_n

Во тек се, рече тој, зимските подготовки за пролетниот дел на првенството што започнува на 15 март и наши планови се да се пробиеме на врвот, па дури и да го освоиме првото место во нашата лига. Додаде дека во клубот членуваат четириесетина деца, од тоа најмногу од македонско потекло.
10461657_679424912152114_2318535341083828643_n

За успехот на Вардар-Виена известија повеќе австриски спортски портали, а за првенството во коешто учествува и оваа екипа на македонските иселеници редовно известуваат австриските весници

10294407_773685792726025_4059050189316189870_n

Comments are closed.
Сите написи се користат само за информирање. Преземање, нивно користење и реемитување се можни со договор на администраторот