БАДНИК и БОЖИК во ВИЕНА

Share Button

❋ ✤ ❋ ХРИСТОС СЕ РОДИ ❋ ✤ ❋

Со грејана ракија, оро и песна, Македонците во Виена ги прославија Бадник и Божик.

06 јануари кога СВЕТАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА го прославува празникот – БАДНИК, во нашата МПЦО Свети Наум Охридски во Виена се служеше Свечена Боженствена Литургија, чинот кој најповеќе го израдува свештеникот како и одборниците, беше преполнетата црква со верници!

1
2
3

По завршувањето на Богослужбата верниците преминаа во црковната сала каде беше припремена лецитација како и бадникови гранчиња и греана ракија.

За прославата да биде уште повесела се погрижи и македонскиот естрадниот уметник ДУШКО ГЕОРГИЕВСКИ кој со семејството ја посети црковна општина во Виена и заедно со естрадниот уметник ПАВЛЕ КАЈМАКОСКИ со ора и песни ги развеселеа сите присутни.

6
4
5
7

Одбележувањето на Рождеството Христово – Божик започна со Свечена Боженствена Литургија која ја богослужеше парохискиот свештеник Отец Валентин во црквата „Свети Наум Охридски“ во Виена.

12

По литургијата прославата продолжи во салата каде се пееа песни играше оро, и се служеше греана ракија.

11

Исто така помеѓу своите Македонци во Виена на одбележување на Рождеството Христово – Божик во „Св. Наум Охридски“, во Виена присуствуваше и Амбасадорот H.E. Д-р Кире Илиоски со сопругата, кој воедно ги поздрави сите присутни и им го честита Божик со зборовите „Христос се роди”, како и желби за спокој на душата и мир во срцето, за радост со најблиските.

8
DSC_0569
9
10

❋ ✤ ❋ НАВИСТИНА СЕ РОДИ ❋ ✤ ❋

Роберт П.