Македонците во Загреб ќе добијат Македонска Православна Црква!
Македонската Православна Црковната Општина „Св.Наум Охридски“ од Виена на 11-ти Октомври со почеток во 20:00 часот ќе организира хуманитарен концерт за изградба на црквата „Св. Злата Мегленска“ – Загреб.

На овој концерт свој придонес ќе дадаат и македонските групи Сесија Бенд од Р. Македонија и Балканика Бенд од Р. Словенија.
На овој концерт исто така ќе имаме и делегација од Загреб која ќе ја предводи претседателката на УО на МПЦО „Св. Злата Мегленска“ – Загреб, Г-ѓа Јулијана Кениг.
Воедно Ве покануваме што помасовно да се собереме на овој концерт, за и уште еднаш да ја подадеме својата рака и да им помогнеме на нашите Браќа и Сестри во Р. Хрватска.
“Ајде да оставиме уште еден белег, ајде да подигнеме Божји храм и во нашите срца и во центарот на Загреб.Ајде да ја исшпишеме и оваа убавина во новата историја, ајде да го реализираме и овој преубав проект да гo изградиме и овој Храм во Европаската Епархија, како што тоа го сторија и нашите Браќа во Св.Наум Охридски – Малеме-Шветска, Св.Наум Охридски – Трингент-Швајцарија, Св.Никола – Маинц-Германија.Ајде да сториме нешто што ќе биде истовремено добро и за спасителот наш и за нас самите“
Покрај загарантираната забава, за љубителите на добрата кујна се погриживме да има покрај ладните појалоци и мешана скара cо врвен скараџија, мајстор Бале.

,,Hl. Naum von Ohrid Wien”
Siemensstrasse 26, 1210 Wien
Почеток на концертот 20 час.
Влез: 10 ЕУР, за деца и младинци од 12 до 18 год. влезот е 5 ЕУР.
.
Срдечно Ве поканува,
во имeто на Црковниот Одбор
зам.сек. Роберт Петрески