Недела 23-ти фебруари со почеток од 10:30 часот, беше отслужена СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА на која чиноначалствуваше Негово Високопреосвештенство Митрополит Европски Господин Пимен, каде што и воедно беа осветени и двете ново пристигнати икони во нашиот црковен храм.
Годишното изборно собрание започна во 12:30 часот на кое беа присутни 150-на членови.
Претседателот г-дин Димче Лазовски го отвори собранието и ги поздрави сите присутните меѓу кој беа Митрополит Европски Господин Пимен и Македонскиот амбасадор во Австрија, д-р Ѓорѓи Филипов кој исто така ги поздрави сите присутни на собранието.
За претседател на работното раководство на собранието беше избран Негово Високопреосвештенство Митрополит Европски Господин Пимен, како оверувачи беа предложени и избрани г-дин Роберт Петрески и г-дин Борче Јанев, како записничари г-дин Борис Лозаноски и г-ѓа Антонета Левковска.
– Извештај за работењето на црковниот одбор во изминатиот период – известуваше претседателот г-дин Димче Лазовски за постигнатото во 2013 г.
– За финансискиот извештај известуваше благајникот г-дин Илко Врглески кој беше испечатен пред секој еден присутен на собранието и благајникот Врглески го појасни подетално со конкретни износи.
– Известуваше секретарот г-дин Златко Николоски за административните дејности, постигнатите контакти, остварените комуникации и реализираните манифестации како например концертот на Танец по повод 20 годишнината.
– Краткиот извештај од страна на контролниот одбор го појасни г-дин Горан Најдовски.
По излагањето беше отворена дискусија за актуелната состојба на која одговараа членовите на старото раководство.
Пред самата пауза на собранието, црковната општина ја посетија г-дин Крсте Мукоски и градоначалникот на општина Аеродром-Скопје г-дин Ивица Коневски ги информираа иселениците во дијаспората за можностите и важноста на гласање за претседателските избори.
Одкако си заминаа гостите беа и предложени кандидатите за претседатели на нашата црковна општина.
Како прв кандидат беше предложен стариот претседател г-дин Димче Лазовски а како негов против кандидат беше предложен подпретседателот г-дин Домазетовски Љупчо.
По пауза од 30-тина минути започна гласањето со гласачки ливчиња и заокружување на кандидатите.
Додека се пребројуваа гласовите паралелно се избраа и членовите на контролниот одбор и советодавен одбор.
По пребројаните глесови:
За г-дин Димче Лазовски имаше 59 гласа, додека за г-дин Љупчо Домазетовски 71 гласа.
По честитките кон новоизабраниот претседател г-дин Домазетовски беа предложени и избрани новите членови на црковниот управен одбор, кој веднаш по изборот ја потпишаа и положија својата заклетва во црковниот храм.
Роберт П.