Можеби Вие до сега не сте биле член на нашата Црковна општина, затоа и ви се обраќаме на Вас со желба и молба да ни се придружите! Тоа ќе биде од заемна корист, колку за Црквата и нашата општина, дотолку и за Вас лично.
ШТО Е ТОА ПАРОХИЈАЛ
Парохијалот претставува годишен или месечен допринос на едно семејство или на поединец за црковната општина во која што припаѓа. Покрај материјалното, парохијалот има уште повеќе морално значење за сите нас, посебно овде во туѓина.
Со вашиот парохијал, како и со почесто доаѓање во нашата Божја Црква, Вие докажувате дека Црквата и секој посебен реализиран проект во афирмирање на нашата Македонска култура, јазик и традиција посебно ви лежат на вашето срце.
Црквата ви треба Вам и за Ваша помош, но не заборавајте дека и Вие и требате на Црквата за нејзината помош. Со уплаќањето на редовниот парохијал, годишно ЕУР 60,- – со само ЕУР 5,- месечно (по бозрасен вработен) Вие ги помагате редовните обврски во нашата Црковна општина, свештеничката плата и нормалното функционирање на нашата општина.
Црквата секогаш со задоволство му излегува во помош на секого, кому му е потребна помош. Но, сепак посебно и со подруго внимание и наклоност одговара кон оние кои таа помош ја заслужуваат. Со редовното доаѓање на Светите Богослужби, со славењето на Имендените, Славите, преку исполнување на одредени молитвословија и други црковни прописи а воедно и негување на здрави обичаи Ние докажуваме дека сме Чеда Божји на нашата Света Климентова Македонска Црква и поносна нација.
Не помислувајте дека од Црквата нема да ви затреба никаква помош. Помошта која што Црквата ја нуди може да биде и материјална и моорална. Покрај верските обреди како што се: крштевање, венчавање, осветување домови, помени и др. Можеби ќе ви затребат и совети, уверенија, препораки, посета во Болница или во вашиот дом и др.
Како родители ве молиме да делувате и на вашите деца кои завршиле со своето образование и почнале да работат, да и тие станат активни и редовни членови на нашата црковна општина, која покасно позитивно ќе делува во нивниот Морален, Духовено-Религиозен и национален развој. Тоа ќе биде во лична корист и во корист на Црквата и на нашата нација.
СО ПОСЕБНА ПОЧИТ,
ОТЕЦ ВАЛЕНТИН ТАШКОВСКИ
со ЦУО на МПЦО.,,СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ’‘ – Виена