ИЗБОРНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА КОЕ ЌЕ СЕ ИЗБИРА НОВО РАКОВОДСТВО!

Share Button

.
logo mpco

Почитувани браќа и сестри Верници!

Ве известуваме дека во НЕДЕЛА 23.02.2014 12:00ч ќе се одржи годишното членско изборно собрание на нашата црковна општина!
Црковниот управен одбор (ЦУО) ве повикува сите вас – заинтересирани, симпатизери на МПЦ, верници, целокупното членство – редовните членови заедно со почесните и со добротворните членови!
– Нашите заеднички обврски како Македонци во дијаспората најдобро си ги знаеме, а тоа се достоинствено представување на нашето духовно, културно, опшествено и историско наследство на нашата татковина Р. Македонија!
Секој од нас може да придонесе нешто во исполнувањето на тие заеднички обврски!
Секој од нас може да помогне нашата црковна општина во Виена да цути!

И покрај ограничените можности и средства – заедно досега сме постигнале многу:

Во 2009:

– по заедничка одлука: купување на заедничкиот имот на Siemensstr. 26, A-1210 Wien – дадено многубројно ветување за заедничко финансирање од страна на македонските фамилии („согласнот“)
благослов и осветување на црквата, салата и целиот имот од страна на Неговото Високопреосвештенство – Митр. Евроспски Г. Пимен

Во 2010:
реновирање (покрај друго и поставување на топлотна изолација) на црквата и на салата.

Во 2011:

– по заедничка одлука: камен-темелник на додатните простории (кујна, канцеларија, библиотека, стан за свештеник)
– по заедничка одлука: спроведување на дело статутот на МПЦ-ОА – многубројно организирано пристапување кон општината („пристапница“) и дадено ветување за редовна поддршка преку парохијал за одржување на црквата и обезбедување редовни средства за стален свештеник (ЕУР 5,- месечно од возрасен, вработен член)

Во 2012:
осветување на додатните простории од страна на Неговото Високопреосвештенство – Митр. Евроспски Г. Пимен

Во 2013:
– прво поголемо истакнување пред австриската јавност – концерт на ТАНЕЦ по повод 20-годишнината на нашата општина
обезбедување на стален свештеник, нашиот Отец Валентин Ташковски

Заедно можеме уште многу да постигнеме – но прво да се посветиме на нашите не-завршени цели и обврски – бидејќи сме дале збор! Пред се, важна и битна е редовноста! Редовната финансиска поддршка и редовната активност во општината ја представуваат најголемата сила!

– Досегашната дадена помош била и секогаш ќе биде признаена и врежана засекогаш во нашата општинска историја! Ве повикуваме сите вас, кои што сте придонесле веќе многу за развојот на нашата општина да продолжите по тој пат!
– А вас, кои што не сте можеле досега, ве охрабруваме да почнете активно и редовно да ја поддржувате општината!
– Во прилог на ова писмо ви доставуваме и пристапница – доколку веќе сте потпишале и предале пристапница, може да ја користите за ворасните членови на вашето семејство или да ја дадете на вашите пријатели.

>>> ПРЕЗЕТЕМЕ ЈА ПРИСТАПНИЦАТА ТУКА! < <<

Кој има право да присуствува на годишното членско собрание?
– Секој македонец и секој симпатизер на МПЦ-ОА има право да присуствува, да дава предлози и активно да се вклучи во дискусиите.

Кој има право да гласа за дадените предлози и кандидати на годишното членско собрание?
– Секој возрасен кој се наоѓа на списокот на донатори има гласачко право. За да си го оствари своето право лицето треба да е лично присутно.

Кој може да биде избран за член на одбор [Контролен Одбор (КО), Советодавен Одбор (СО) и Црковен Управен Одбор (ЦУО)]?
– Секој возрасен кој се наоѓа на списокот на донатори, со редовно членство (потпишана пристапница) и што почнал со уплата на парохијалот пред најмалку 2 месеци.

Кој може да биде избран/потврден како председател на одбор?
– Секој возрасен кој се наоѓа на списокот на донатори, со редовно членство од најмалку 3 години, досега уплатил финансиски средства најмалку ЕУР 1.000,- и се стекнал со посебни заслуги за црквата.

ДНЕВЕН РЕД

(со благослов од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски Г. Пимен)

Општо правило: секое обраќање на раководството ограничено на 5мин; секое прашање од членовите и секој одговор на раководството ограничени на 2мин; максимално уште едно под-прашање.

1) Отворање од страна на председателот на ЦУО Димче ЛАЗОВСКИ

2) Молитва и благослов од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски Г. ПИМЕН

3) Избор/потврдување на работното раководство

4) Извештај на председателот за работењето на ЦУО во изминатиот мандат

5) Извештај од страна на благајникот Илко ВРГЛЕВСКИ на ЦУО за финансиската состојба

6)Извештај од страна на секретарот Златко НИКОЛОВСКИ за административните дејности и комуникацијата

7) Извештај од страна на КО (контролниот одбор)

8) Отворена дискусија за актуелната состојба

Старото раководство одговара на прашањата од страна на присутните.

9) Избор на председатели на трите одбори

Секој присутен со гласачко право ќе се легитимира пред работното раководство. По утврденото присуство, тој добива гласачки лист и гласа тајно во кабина. Гласачкиот лист го уфрлува во гласачката кутија.
По избројувањето на дадените гласачки листови (јавно пред сите присутни), работното раководство дава официјална изјава за изборот.

10) Полагање заклетва на ново-избраните председатели на трите одбори

11) Пријавување на членови на трите одбори и нивно потврдување

Пријавените кандидати се прифатени и потврдени од страна на собранието ако нема приговор. Ако има приговор против некое пријавено лице ќе следи гласање.

12) Полагање заклетва на потврдените членови на трите одбори

13) Отворена дискусија за развој на МПЦО Св Наум Охридски – Виена

Новото раководство се представува, ги прима и коментира предлозите од страна на присутните. Новото раководство во рок од една недела мора да одржи конситутивен состанок. Потоа треба да изработи програма за понатамошниот развој и да ја представи пред членството.

Црковен Управен Одбор на
МПЦО Св. Наум Охридски Виена

Comments are closed.