РЕДОВНО ИЗБОРНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МПЦО Св.Наум Охридски- Виена Недела 12 часот, 25. Март 2012 год.

Share Button


Почитувани верници,
Драги парохијани на црковната општина,

Сакаме да ве информираме дека во Недела, на 25ти Март 2012 год. со почеток од 12 часот ќе се одржи годишно собрание на МПЦО Св.Наум Охридски од Виена.
Управниот одбор АПЕЛИРА до сите македонски фамилии, до сите заинтересирани и симпатизери на МПЦ, да дојдат и активно да земат учество во работата на црковната општина во Виена. На кратко за дневниот ред кој додатно ќе биде потврден:

Дневен ред:
* Поздравување на гостите и отворање на собранието од страна на претседателот на УО.

* Избор на работно раководство кое ќе раководи со годишното собрание спрема протоколот.

* Финансиски извештај за изминатата 2011 год. од страна на благајникот и претседателот.

* Извештај од страна на претседателот за остварените проекти и идни планирани зафати.

* Краток извештај и резиме од страна на секретарот за изминатата 2011 год. за остварените контакти и други дејности на МПЦО.

* Краток извештај на надѕорниот одбор за извршените контроли во текот на 2011 год. во МПЦО Св.Наум Охридски.

* Предлог и избор на кандидати за членови во новиот Управен Одбор на МПЦО Св.Наум Охридски

* Разно (прашања и дискусии)

* Затворање на годишното собрание

Исто така и DO&CO ќе се погрижат да не останеме гладни
ќе ни подготват ГРАТИС Бифе да замезиме 🙂


.
.
.

Comments are closed.