Menu
0 Comments
Share Button

Уметничката Ирена Паскали родена во Охрид 1969 година, пред виенската публика ќе се престави со изложбата “Меридијани“.Проектот “Меридијани“ ги покажува урбаните убавини и луѓето кои живеат во нив.Меридијаните кои се вертикални линии ги спојуваат северниот и јужниот пол.

– Во метрополите луѓето и урбаната структура се на спортивната страна и реагираат инстано едни на други. Тоа ме инспирираше да ја повлечам линијата со тоа што тие меѓусебно ќе се измешаат – вели уметничката Паскали за “мередијаните“ на нејзината веб страна.

Изложбата на Паскали која по втор пат гостува во Виена, ќе ја отвори Амбасадорот на Република Македонија во Виена, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, а ќе се одржи во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Виена (Kinderspitalgasse 5/1, 1090) на 02 јули (вторник) 2013 во 19.00 часот

М.П.