Добре дојдовте на инфо страната од МПЦО Свети Наум Охридски Виена, оваа веб страница е изработена за подобра информираност на сите македонци кој живеат и работат во Република Австрија

Концертот на Танец задоволство но и поттик за понатамошна соработка

Концертот на Танец задоволство но и поттик за понатамошна соработка

Share Button

“Тешкото“, Тресеница“ “Беломорски рис“ “Драчевка“ беа само мал дел од репретоарот со кој македонскиот национален амсамбл “Танец“ се престави во Виена. Најголемиот македонски амбасадар настапи за прв пат во австриската престолнина и тоа по повод 20 годинишнината од формирањето на Македонската културна заедница во Виена. Задоволство од настапот беше обострано, како кај македонската експедиција така и кај македонските исленици.

– За мене беше голема чест и радост што настапивме во Виена по повод одбележувањето на овој јубилеј. Танец, македонската гордост, македонскиот амбасадор направи еден прекрасен концерт. За разлика од минатите концерти, на кои свиревме за странска публика, во Виена атакот беше удрен на македонскиот мелос – рече директорот на Ансамблот, Зоран Џорлев.

Договорите за гостувањето на “Танец“ во Виена траеа скоро цела година, а целиот проект беше реализиран на огромно задоволство на македонците во Австрија.

– Гостувањето на Танец беше голем предизвик, со кој ние како црковна општина и културна заедница преку “Танец (орото и песната) успеавме не само на македонската публика, туку и на австрсиската да ја преставиме македонската култура и традиција. – истакна Роберт Петрески од МКЗ Виена.

Џорлев од Виена заминува со одлични впечатоци, приемот во македонската културна заедница традиционалната македонска гостопримливост но и воодушевен што друштвото “Македонка“ продолжува да ја негува македонската традиција.

– Сите овие луѓе живеат за да се сретнат и да земат дел од родната гртука. Ние ја носиме Македонија , но и да не забораваме дека во ова време со иценираниот проблем кој всушност и не е наш проблем, ние секаде каде и да настапуваме, настапуваме под името национален ансамбл од Македонија. Она што посебно ме воодушеви се КУД Македонка, кои одлично се преставијa, а она што “Танец“ го направи во салата сигурно дека ке биде поттик за сите понатаму да ја продолжат македонската традиција. Jас сум човек кој сум поминал и сито и решето, мојата кариера ја жртвувам да направм нешто за овој ансамбл кој го подржува државата, кој го подржуваат македонците ширум светот.– потенцираше Џорлев.


Од Македонската културна заедница велат дека организацијата на концертот на “Танец“ ќе биде дополнителен мотив да продолжат во истата насока организирајќи концерти и средби со останати македонски ансамбли ширум Европа.

– Тоа го организираме неколку години наназад, покрај нашата играорна група “Куд Македонка“ покануваме и организираме прослави со други играорни групи од Македонија, Австрија и соседните држави. Се надеваме дека така ќе продолжиме и во иднина – рече Петрески.

Танец ќе “танцува“ и низ Македонија.
Летово ќе имаме низа концерти низ Македонија, сакаме да не види и нашата македонска публика, прво треба нашиот народ во родната земја добро да не запознаа за да потоа се преставиме пред светската јавност. Танец летово го очекуваат серија настапи Скопско лето, културните лета низ Македонија, Отварање на Балкански фестивал во Охрид на 6 јули, потоа настап на 2 август во Крушево.

М.П.

Comments are closed.
Сите написи се користат само за информирање. Преземање, нивно користење и реемитување се можни со договор на администраторот