Menu
0 Comments
Share Button

ПРОСТУМ И СО ОВАЦИИ, ВИЕНА МУ ОДДАДЕ ПРИЗНАНИЕ НА „ТАНЕЦ“. ПРВИОТ ГОЛЕМ НАСТАП НА КУД „МАКЕДОНКА“ ГИ ОСВОИ СИМПАТИИТЕ НА ПУБЛИКАТА

Првото гостување на националниот македонски ансамбл „Танец“ во Виена претставуваше досега незабележана промоција на македонскиот фолклор во Австрија. Аплаудираа над 500те присутни, од членовите на КУД „Македонка“ во Виена, кои под водство на претседателката, д-р Бети Хохштегер и кореографија на Александар Арабаџиев настапија како пред-изведувачи, па се до амбасадори, почесни конзули, црковни великодостојници и пратеници од австрискиот Парламент.

Повод за гостувањето на „Танец“ беше 20 годишнината од основањето на МПЦ „Св. Наум Охридски“ и „Македонското културно друштво“ во Виена. Во прославата беше вклучена и манифестација во просториите на „Македонската културна заедница“, главен организатор на гостувањето на „Танец“ и на останатите настани поврзани со одбележувањето на јубилејот. За настанокот на МКД говореше претседателот на МКЗ и на МПЦ, Димче Лазовски.
Присутните ги поздрави во име на претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и МНР, Никола Попоски, амбасадорот на РМ во Виена, д-р Ѓорѓи Филипов.
Пред почетокот на манифестацијата се оддржа свечена литургија на која чиноначалствуваше Г. Пимен, Митрополит на Европската епархија на МПЦ, кој даде висока оценка за развојот на МПЦ Св. Наум Охридски“.
Амбасадата на РМ во Виена и благодари на МКЗ и МПЦО СВ. Наум Охридски за организацијата на манифестацијата.