Добре дојдовте на инфо страната од МПЦО Свети Наум Охридски Виена, оваа веб страница е изработена за подобра информираност на сите македонци кој живеат и работат во Република Австрија

МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ И СМК СОБРАА ПАРИ ЗА ЖРТВИТЕ НА ВОЈНАТА

МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ И СМК СОБРАА ПАРИ ЗА ЖРТВИТЕ НА ВОЈНАТА

Share Button

Доделени 200.000 ГМ за семејствата на загинатите бранители

Во Архиепископијата на Македонската православна црква (МПЦ) завчера им беше доделена помош од околу 200.000 ГМ на семејствата на 39 загинати припадници на македонските безбедносни сили. Донацијата е доделена од Светскиот македонски конгрес и делегации на македонските заедници од Виена, Торонто и од Перт. По доделувањето на помошта, во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ беше одржана панихида во чест на загинатите припадници на македонските безбедносни сили.

– Сакам да им се заблагодарам на нашинците што дојдоа од Виена, Торонто и од Перт и им доделија помош на семејствата на загинатите припадници на македонските безбедносни сили. Тие на овој начин сакаат да ја изразат болката што ја чувствуваат за загубата на нашите деца – вели охридско-македонскиот архиепископ г.г. Стефан.

Македонските иселеници сметаат дека немаат доволно информации за состојбата во земјава. Македонско-културната заедница „Свети Наум Охридски“ од Виена планира во почетокот на септември да организира демонстрации пред Парламентот на Австрија.

– Сакајќи да им помогнеме на нашата земја и на фамилиите, ние решивме да организираме хуманитарна, доброволна финансиска акција. Нема пари со кои може да се плати загубениот живот на припадниците. Ќе се организираме и понатаму за да им помогнеме на семејствата – вели Димче Лазоски, претседател на македонската делегација од Виена.

извор: Дневник

☛ Следете не и на: ☚

> RSS - Twiter - Facebook - Youtube - Google+ <

Comments are closed.
Сите написи се користат само за информирање. Преземање, нивно користење и реемитување се можни со договор на администраторот