13 октомври 2012 год. почеток 20:00 ч.

Share Button

.

Македонија одбележува 71 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ

Сабота, 13 октомври 2012 год. почеток 20:00 ч.

Република Македонија на 11. Октомври, 2012 год. одбележува 71 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата.

Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на таа борба се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а во последните 16 години како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година и од него произлезениот Рамковен договор, Македонија, која е полноправна членка на Обединетите нации, денес чекори на патот кон евроатлантските интеграции.

По повод 71-та годишнина од Денот на народното востание – 11 Октомври, во македонската културна заедница „Св.Наум Охридски“ во Виена ќе се одржи свечена прослава на која мал говор и проекција на слики од НОБ ќе одржат членови на заедницата. Свој настап ќе има и македонското фолклорно друштво „Македонка“ од Виена а после тоа продолжуваме со прославата со македонски ора и песни.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ!



Comments are closed.