Се побројни настапите на КУД „Македонка“ од Виена а со тоа и презентацијата на македонскиот фолклор во Австрија и пошироко!

Share Button


Почитувани,
Сакаме да ве известиме за неколкуте успешни настапи што ги имаше КУД „Македонка“ во текот на Мај и Јуни 2012 г.
И воедно со крајот на Јуни се заврши доста успешната сезона 2011/12.
————————————————————————————————————————–
26. Мај 2012 год.
Настап во МПЦО „Св.Наум Охридски“
По покана на МПЦО „Св. Наум Охридски“ од Виена за големиот црковен празник посветен на браќата Солунски рамноапостоли Кирил и Методиј, КУД „Македонка“ настапи пред својата македонска публика и со тоа ја збогати вечерта и веселбата.
Најмногу внимание и аплаузи собраа најмалите членови кои гордо и достоинствено играа во ритмот на тапанот и гајдата.
Големата група исто така се представи со веќе препознатливата кореографија на „Калајџиското“. После настапот се продолжи со заедничка веселба.


————————————————————————————————————————–
27. Мај 2012 г.
Настап во Виена, Пратер Галерија
По повод манифестацијата „Златна Плаката 2012“ која се одржа во салата на Пратер Галеријата, КУД „Македонка“ имаше свој настап и се представи со многу добар перфоманс што заработи доста аплаузи и симпатии кај присутните гости. Беше поставена кореографијата на „Калајџиското“ и „Водарки“.
Покрај КУД „Македонка“ учество земаа и други фолклорни друштва од Австрија како српското КУД„Дукат“ од Траискирхен, „ИКИ Виена“ (фолклорно друштво на Бошњаците од Македонија) и ентузијастите од КУД „Македонија 2012“ (мултикултурно фолклорно друштво од Виена каде се играат и изучуваат различни танци и ора од Балканот).
Концертот и настапот завршија во најдобро расположение а поканетите фолк ѕвезди се погрижија за добро расположение и забава. Во секој случај КУД „Македонка“ со покажаната кореографија и носии достоинствено го презентираше македонскиот фолклор.


————————————————————————————————————————–
2. Јуни 2012 г.
Настап во Крањ/Словенија
По покана на МКУД од Крањ „Св.Кирил и Методиј“ по повод прославата 20 год. од постоењето на македонската заедница во Крањ, КУД „Македонка“ од Виена зема активно учество на вечерниот фолклорен собир на 4 македонски фолклорни друштва од Словенија.
Но по ред. Сабота во 05:30 заедничко собирање и поагање со Тони Травел од Виена на кого на ова место му благодарима за дадената подршка и ангажираност околу превезот а и како спонзор на друштвото. Со песна и голема возбуда пристигнавме во Словенија и се направи една убава заедничка прошетка низ Љубљана. После тоа нашите домаќини од Крањ не превземаа и однесоја до нивните простории каде имаше заедничка средба и запознавање. На ова наше прво гостување надвор од Виена, иако имавме малку трема и несигурност игроорците на КУД „Македонка“ и кореографот Александар Арабаџиев покажаа голема зрелост и професионалност па така и нашите стравови и прашалници исчеџнаја по настапот и покажаното на бината. Скоро сите друштва од Словенија беа присутни и ги покажаја своите кореографии и со гордост може да кажеме дека и ние од Виена сме дел од македонскиот фолклор кој плени со своите изведби. Огромна благодарност и до родителите и сите кој беа дојдени и ги бодреја нашит игроорци кои рамо до рамо се носеја со нивните сонародници во Словенија. После настапот видно уморни со тешки срца моравме да тргнеме за Виена. Им благодариме на поканата и им посакуваме понатамошен успех на МКУД „Св.Кирил и Методиј“ од Крањ кои беа добри домаќини.


————————————————————————————————————————–
9. Јуни 2012 г.
Настап во Леобердорф по покана на КУД „Младост“
По покана на српското фолклорно друштво „Младост“ од Леоберсдорф КУД „Македонка“ од Виена традиционално по 3ти пат настапи на овогодишниот Мултикулти фестивал на кој учество земаа повеќе друштва од Долна Австрија и Виена.
КУД „Македонка“ се претстави со неколку ора и сплета а најголемо внимание и симпатии привлекоја најмалите членови на КУД „Македонка“


————————————————————————————————————————–
9. Јуни 2012 г.
Настап во Виена, по покана на КУД „Бамби“
По покана на КУД „Бамби“ од Виена, КУД „Македонка“ зема учество на фолкорната вечер која во организација на српското друштво се одржува секогаш на крајот на сезоната. Вечерта беше збогатена со гости од Р. Србија од околината на Панчево а како специјален гостин беше поканета Снежана Бабиќ- Снеки.
И овој пат настапот на КУД „Македонка“ ги воодушеви присутните гости а игроорците си го заработија највредното аплаузот од публиката.
Вечерта и прославата траеше до доцните часови и после фолклорниот дел се продолжи со заедничка забава.


————————————————————————————————————————–

15.6.2012 год.
Настап на Васервелтфест
Како и секоја година во изминатите 10 год. така и овој пат традиционално кон крајот на Јуни се одржа овогодишниот Васервелтфест во организација на 15. Бицирк и МА17 од градот Виена. Македонската културна заедница од Виена кој секоја година е застапена со свој македонски штанд секој пат
се представуваше со македонско фолклорно друѓтво, првите години со друштва од Македонија а еве веќе по трет пат учество зема КУД„Македонка“ од Виена.
Овој пат местото не беше вообичаено како секој пат на Мајзелмаркт него поради реновирање беше дислоцирано на Фогелвајдпарк во близина на Лугнерсити и Штадхале.
Денот се погоди прекрасен сончев, топол и македонскиот ѓтанд беѓе навреме поставен во 16:00 часот на кој се нудеја традиционални македонски специјалитети и пијалоци.
Како и секој пат така и сега љубопитните минувачи и посетители не можеја а да не пробаат од македонското тавче гравче, сарма, разни пити итн…
Точно во 19:40 на публиката се представи најмалта група на КУД „Македонка“ кој го изиграа Гајдарското оро и Пајдушкото.
Првата постава се представи со ора од егејска Македонија и „Водарки“.
Организаторот и посетителите беа видно возбудени и задоволни од прикажаниот македонски фолклор а после на крајот се изигра и едно големо заедничко македонско оро со сите присутни.


Comments are closed.