срдечно Ве покануваме во сабота, 10.10.2014 год. од 19:00 час. на одлична и незаборавна забава, сите заедно да го прославиме денот на народното востание во Македонија 11 Октомври 1941 година.
Оваа прослава ќе биде посебна бидејќи ќе имаме чест да не забавуваат наши тројца познати естрадени уметници,
° Фолк-пејачката Адријана Ацевска – Кеш
° Фолк-пејачот Благоја Груевски
° Кралот на ромската музика, , виртуозот на саксофон Ферус Мустафов
и добро позантиот Да-Ди Бенд
Покрај загарантираната забава, за љубителите на добрата кујна ќе се погриживме да има покрај ладните појалоци и скара cо врвни скараџии.
►►► Каде: – Siemenststrasse 26, 1210 Wien ►►► Кога: – 10.10.2015 год. од 19:00 час. ►►► Колку: – Влез: 15,- Еур.
Картите за седење се пуштени во продажба и се нумерирани во ограничен број, се продаваат во просторите на МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена на, Siemenststrasse 26, 1210 Wien
Информации и резервации:
► Љупчо Д. +43 (0)6765581805
► Златко Н. +43 (0)6763475992
► Роберт П. +43 (0)676879935078
п.с. КУПЕТЕ НАВРЕМЕ КАРТИ И РАЗЕРВИРАЈТЕ СИ МЕСТО!
. Почитувани верници, драги Браќа и Сестри возљубени во Бога!
Сакаме да Ве информираме за велигденските активности во нашата црковна општина – ве молиме оваа информација да ја споделите со сите ваши пријатели!
Нашите врати се отворени за секого кој што доаѓа со добра намера во срцето и сака заедно со нас да ги слави православните празници, кој што сака заедно со нас да се помоли на Бога, кој што сака заедно со нас да ја негува македонската култура, кој што сака заедно со нас да ја изгради и развива македонската општина во Виена и заедно со нас да придонесе за развитокот на македонските општини низ цела Австрија!
† ВЕЛИГДЕН 2015
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден – Воскресението Христово!
Ве покануваме сите вас да ја збогатите Велигденската прослава со вашето ценето присуство! Да ја ислушаме достојно Светата Воскресна Литургија и во еден глас да го повикаме радосното „Христос Воскресе!“.
Со голема радост исто така го очекуваме со нас од Велики Четврток со нас да биде и нашиот Владика, Негово Високопреосвештенство Митрополит Европски Господин Пимен!
Распоред на Велигденските Богослужби:
† Четврток, 09.04.2015,
*Велики Четврток: од 10:00 час. Света Божествена Литургија
– 19:00 час. Света Богослужба, со читање на 12 страдални евангелија со изнесување на Св. Крст – Распјатие од Светиот Олтар
† Петок, 10.04.2015,
* Велики Петок: од 10:00 час. Царски Часови со Вечерна Богослужба и изнесување на Св. Плаштаница
– Преку целиот ден црквата ќе биде отворена за да можеме да се поклониме.
– од 19:00 час. Света Богослужба, Оплакување со литија околу црквата со Св. Плаштаница и Погребение Христово.
† Сабота, 11.04.2015,
* Велика Сабота: од 23:00 час. Полноќна Велигденска Богослужба со литија околу црквата и света Литургија за Велигден – Христово Воскресение!
† Недела, 12.04.2015,
* ВЕЛИГДЕН: од 10:00 час. Света Архиерејска Литургија, Второ Воскресение со СВЕТА ПРИЧЕСТ
После Богослужбата се продолжува со музичка програма и заеднички пикник со скара.
† Понеделник, 13.04.2015,
* ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО ВЕЛИГДЕН – ВТОР ДЕН од 10:00 час. Света Божествена Литургија
† Недела, 19.04.2015,
*ТОМИНА(Недела на св. ап. Тома) Упокоение на Свети Методиј Солунски од 10:00 час. Света Божествена Литургија
По повод ВЕЛИГДЕН во Недела 12.04.2015 г. со почеток од 13:00 час.,
МПЦО „Св.Наум Охридски“ Виена ќе организира и ВЕЛИГДЕНСКА ПРОСЛАВА.
• Чест ќе имаме да не забавува групата „Дади Бенд“ заедно со ОЛИВЕР ЛОЗАНОСКИ.
За повеќе информации Отец Валентин ќе е достапен на моб.: 0680/2260404
Почитувани, пријатна чест и посебно задоволство ни е да Ве поканиме на одлична и незаборавна забава со македонската Витни Хјустон, пејачката Анета Мицевска и групата „Молика“!!!
ПЕТОК, 17.04.20015 год. со почеток од 20 часот
> Влез: 15,- <
Картите за седење се пуштени во продажба и се нумерирани во ограничен број, се продаваат во просторите на МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена на Siemenststrasse 26, 1210 Wien
п.с. КУПЕТЕ НАВРЕМЕ КАРТИ И РАЗЕРВИРАЈТЕ СИ МЕСТО!
Игрaње, пеење, смеење и дружење со детски песнички.
Заеднички игри, натпреварување за награди,
богата мини томбола,и на крај сите заедно ќе ја избереме
најубавата МАСКА на маскенбалот.
За дечињата ќе има КРОФНИ и многу други слатки работи како
и богата домашна трпеза за возрасните.
Маскенбалот ќе се одржи во просториите на
МПЦО „Св.Наум Охридски“ на Siemensstrasse 26, 1210 Wien.
* ВЛЕЗОТ за сите маскирани е БЕСПЛАТЕН
* Немаскирани 5,- еур. *
Македонците во Загреб ќе добијат Македонска Православна Црква!
Македонската Православна Црковната Општина „Св.Наум Охридски“ од Виена на 11-ти Октомври со почеток во 20:00 часот ќе организира хуманитарен концерт за изградба на црквата „Св. Злата Мегленска“ – Загреб.
На овој концерт свој придонес ќе дадаат и македонските групи Сесија Бенд од Р. Македонија и Балканика Бенд од Р. Словенија.
На овој концерт исто така ќе имаме и делегација од Загреб која ќе ја предводи претседателката на УО на МПЦО „Св. Злата Мегленска“ – Загреб, Г-ѓа Јулијана Кениг.
Воедно Ве покануваме што помасовно да се собереме на овој концерт, за и уште еднаш да ја подадеме својата рака и да им помогнеме на нашите Браќа и Сестри во Р. Хрватска.
“Ајде да оставиме уште еден белег, ајде да подигнеме Божји храм и во нашите срца и во центарот на Загреб.Ајде да ја исшпишеме и оваа убавина во новата историја, ајде да го реализираме и овој преубав проект да гo изградиме и овој Храм во Европаската Епархија, како што тоа го сторија и нашите Браќа во Св.Наум Охридски – Малеме-Шветска, Св.Наум Охридски – Трингент-Швајцарија, Св.Никола – Маинц-Германија.Ајде да сториме нешто што ќе биде истовремено добро и за спасителот наш и за нас самите“
Покрај загарантираната забава, за љубителите на добрата кујна се погриживме да има покрај ладните појалоци и мешана скара cо врвен скараџија, мајстор Бале.
МПЦО ,,Свети Наум Охридски” Виена ,,Hl. Naum von Ohrid Wien” Siemensstrasse 26, 1210 Wien
Почеток на концертот 20 час.
Влез: 10 ЕУР, за деца и младинци од 12 до 18 год. влезот е 5 ЕУР.
.
Срдечно Ве поканува,
во имeто на Црковниот Одбор
зам.сек. Роберт Петрески
По повод Патронот на МПЦО Свети Наум Охридски Виена срдечно Ве покануваме
сите заедно да го обележиме и прославиме одој голем ден.
† Среда,02.07.2014 год. ќе се служи – Празнична Вечерна 19.00 часот
По службарата од 20:00 часот заедничка посна вечера за сите верници , која ќе биде припремена од МПЦО Свети Наум Охридски Виена.
† Четрвток, 03.07.2014 год. Св. Наум Охридски-Чудотворец
– Света Божествена Литургија со почеток од 09:00 часот
Според традицијата ќе се крши погачата од кумот каде и воедно се пријавува доброволно новиот кандидат за летен кум за наредната 2015 год. и потоа заеднички ручек со сите верници, кој оваа година ќе биде припремен од МПЦО Свети Наум Охридски Виена.
Ручекот ќе биде во 14:00 часот Ве молиме да се собереме во што поголем број.
По молитвите на светиот патрон наш Наум Охридски Чудотворец Господ,
да не помилува и спаси и да ни дари долговечен мир, милост, здравје и спасение.
АМИН!
Мало потсетување за летното кумство:
Св. Наум Охридски-Чудотворец 2009 год. КУМ беше Лазовски Димче
Св. Наум Охридски-Чудотворец 2010 год. КУМ беше Аврамоски Боге
Св. Наум Охридски-Чудотворец 2011 год. КУМОВИ беа Јакимовски Јонче и Мишко
Св. Наум Охридски-Чудотворец 2012 год. КУМ беше Стојаноски Стево
Св. Наум Охридски-Чудотворец 2013 год. Не се пријави никој за нов кум
Св. Наум Охридски-Чудотворец 2014 год. КУМ е МПЦО Свети Наум Охридски Виена
(ПОДАТОЦИТЕ ЗА КУМСТВОТО МОЖЕ НЕ СЕ 100% ТОЧНИ, ова е чисто информативно но во иднина ќе објавуваме точни детали кој кога и за што бил КУМ во МПЦО СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ВИЕНА.)