Одбележан денот на Патронот

Share Button

Со утринска литургија одржана во просториите на МПЦО “Св Наум Охридски“ македонците во Виена го одбележаа 3 јули денот на Патронот на црковната општина. Според традицијата се кршеше погачата, а заедничкиот ручек го подготви “МПЦО Св. Наум Охридски“.

За многу години.

Повеќе слики на следниов линк facebook.com!

“Меридијани“ на Паскали ќе биде изложена во Виена

Share Button

Уметничката Ирена Паскали родена во Охрид 1969 година, пред виенската публика ќе се престави со изложбата “Меридијани“.Проектот “Меридијани“ ги покажува урбаните убавини и луѓето кои живеат во нив.Меридијаните кои се вертикални линии ги спојуваат северниот и јужниот пол.

– Во метрополите луѓето и урбаната структура се на спортивната страна и реагираат инстано едни на други. Тоа ме инспирираше да ја повлечам линијата со тоа што тие меѓусебно ќе се измешаат – вели уметничката Паскали за “мередијаните“ на нејзината веб страна.

Изложбата на Паскали која по втор пат гостува во Виена, ќе ја отвори Амбасадорот на Република Македонија во Виена, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, а ќе се одржи во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Виена (Kinderspitalgasse 5/1, 1090) на 02 јули (вторник) 2013 во 19.00 часот

М.П.

Концертот на Танец задоволство но и поттик за понатамошна соработка

Share Button

“Тешкото“, Тресеница“ “Беломорски рис“ “Драчевка“ беа само мал дел од репретоарот со кој македонскиот национален амсамбл “Танец“ се престави во Виена. Најголемиот македонски амбасадар настапи за прв пат во австриската престолнина и тоа по повод 20 годинишнината од формирањето на Македонската културна заедница во Виена. Задоволство од настапот беше обострано, како кај македонската експедиција така и кај македонските исленици.

– За мене беше голема чест и радост што настапивме во Виена по повод одбележувањето на овој јубилеј. Танец, македонската гордост, македонскиот амбасадор направи еден прекрасен концерт. За разлика од минатите концерти, на кои свиревме за странска публика, во Виена атакот беше удрен на македонскиот мелос – рече директорот на Ансамблот, Зоран Џорлев.

Договорите за гостувањето на “Танец“ во Виена траеа скоро цела година, а целиот проект беше реализиран на огромно задоволство на македонците во Австрија.

– Гостувањето на Танец беше голем предизвик, со кој ние како црковна општина и културна заедница преку “Танец (орото и песната) успеавме не само на македонската публика, туку и на австрсиската да ја преставиме македонската култура и традиција. – истакна Роберт Петрески од МКЗ Виена.

Џорлев од Виена заминува со одлични впечатоци, приемот во македонската културна заедница традиционалната македонска гостопримливост но и воодушевен што друштвото “Македонка“ продолжува да ја негува македонската традиција.

– Сите овие луѓе живеат за да се сретнат и да земат дел од родната гртука. Ние ја носиме Македонија , но и да не забораваме дека во ова време со иценираниот проблем кој всушност и не е наш проблем, ние секаде каде и да настапуваме, настапуваме под името национален ансамбл од Македонија. Она што посебно ме воодушеви се КУД Македонка, кои одлично се преставијa, а она што “Танец“ го направи во салата сигурно дека ке биде поттик за сите понатаму да ја продолжат македонската традиција. Jас сум човек кој сум поминал и сито и решето, мојата кариера ја жртвувам да направм нешто за овој ансамбл кој го подржува државата, кој го подржуваат македонците ширум светот.– потенцираше Џорлев.


Од Македонската културна заедница велат дека организацијата на концертот на “Танец“ ќе биде дополнителен мотив да продолжат во истата насока организирајќи концерти и средби со останати македонски ансамбли ширум Европа.

– Тоа го организираме неколку години наназад, покрај нашата играорна група “Куд Македонка“ покануваме и организираме прослави со други играорни групи од Македонија, Австрија и соседните држави. Се надеваме дека така ќе продолжиме и во иднина – рече Петрески.

Танец ќе “танцува“ и низ Македонија.
Летово ќе имаме низа концерти низ Македонија, сакаме да не види и нашата македонска публика, прво треба нашиот народ во родната земја добро да не запознаа за да потоа се преставиме пред светската јавност. Танец летово го очекуваат серија настапи Скопско лето, културните лета низ Македонија, Отварање на Балкански фестивал во Охрид на 6 јули, потоа настап на 2 август во Крушево.

М.П.

“МПЦО Св. Наум Охридски“ денес на МТВ

Share Button

Репортажата која Македонската телевизија ја снимаше во Виена како и концертот на Танец по повод 20 годишниот јубилеј на “МПЦО Свети Наум Охридски – Виена“ ќе се емитува денес од 17.40 минути на МРТ 1 и МРТ сат.

Репрзизата со почеток 13 часот ќе биде емитувана во Недела само на МРТ сателитскиот канал.


Повелете во Недела по утринската Литургија, на еден мал пикник каде исто така ќе има и скара и ладни пијалоци, сите заедно во просторите на МПЦО Св. Наум Охридски, да ја гледаме емисијата посветена за нашиот 20 годишен јубилеј.

Македонски Фудбаски клуб Вaрдaр Виeнa

Share Button

ФК Вaрдaр Виeнa e фoрмирaн нa пoчeтokoт нa 2010 гoдинa вo Виeнa.
Сe нaтпрeвaрувa вo грaдсkaтa лигa нa Виeнa 3 kлaсa.
Прeтсeдaтeл и трeнeр нa kлубoт e Ицeвсkи Мирko-Mиkи.
При фoрмирaњeтo нa kлубoт дојдeвмe до идejaтa дa нaпрaвимe eднo мeстo kaдe штo ke сe сoбирaaт млaдитe луѓe и дa ги oттргнeмe koлkу мoжeмe oд oвa сekojднeвиe и ситe oпaснoсти штo сo сeбe ги нoси сekoe eднo мoдeрнo oпштeствo.Koлkу вo тoa успeaвмe сe глeдa и oд фakтoт штo смe вo прoсek нajмлaдa ekипa вo ситe лиги нa Aвстрисkoтo фудбaлсko првeнствo.Oмилeни смe пoмeѓу млaдитe и тoa сe глeдa и нa нaшитe нaтпрeвaри.Сe рaзбирa дeka и рeзултaтитe сe битeн фakтoр, нo нe oд прeсуднo знaцeњe.Минaтaтa сeзoнa ja зaвршивмe нa 10 мeстo сo oсвoeни 9 пoeни. Сe нaдeвaмe дeka слeднaтa ke бидe пoдoбрa.Фakтoт дeka сe пoвeke млaди луѓe пokaжувaaт интeрeс дa ни сe приkлуцaт, нe нaтeрa дa рaзмислувaмe вo прaвeц нa фoрмирaњe eднa рeзeрвнa ekипa oд 2012 гoдинa, штo вo пoнaтaмoшнитe гoдини ke бидe слeдeнo,ako трeндoт сe зaдржи, сo вoвeдувaњe нa пoдмлaдok. Чekoр пo чekoр, kлубoт пoлeka гo грaди свojoт пaт koн успeхoт. Eдeн вaжeн дeл oд тoj мoзaиk e и инфoрмирaњeтo преку оваа веб да се надеваме дека ќе ја разиграме македонската младина.

фк Вардар Виена

КУД „Македонка“ освои 3то место!

Share Button

На вчерашниот јубилејен 10.ти по ред „интернационален фолклорен натпревар„ во организација на АНО93 кровно здружение на хрватите во Австрија зема учество како представник на Р.Македонија и КУД„Македонка“ од Виена.

Во голема конкуренција на 10 држави го представија македонскиот традиционален сплет за времето на калајџиите, кога нашите предци во дамнешно време ги калалисувале тепсиите, садовите итн… со „Калајџиското“ се представува и еден дел од македонското народно културно богатсво кое ние го имаме како народ, затоа раководството на КУД „Македонка“ им се заблагодарува пред се на игроорците, потоа на родителите кои со својот ентузијазам и упорност придонесуваат сето ова да биде можно, на македонската културна заедница и црковна општина св.Наум Охридски од Виена, и на дадената подршка од амбасадата на Р.Македонија во Виена на чело со Др.Ѓорѓи Филипов. еше заедно сме посилни, а тоа значи и за нас македонците кои сме тука во Виена, секој еден што може на било каков начин да придонесе за презентација на македонскот фолклор е добродојден. А сега уште една благодарност до децата за освоеното 3то место.